Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Николоски: Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија
Македонија

Николоски: Ја пуштаме во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка, спој со Бугарија

01/03/2026

AA

Со изградбата на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, со реконструкција на обиколницата во Крива Паланка и проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир, целсоно го развиваме источното крило на Коридор 8, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој денеска заедно со премиерот Христијан Мицкоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски ја пуштија во употреба реконструираната обиколница на Крива Паланка.

Проектот е инвестиција од 1, 2 милион евра и е дел од Коридорот 8.   

“Драго ми е што проекти се завршуваат на време. Ова е таков пример, ова е проект кој го започна оваа Влада и го заврши оваа Влада, што е пример како се работат проекти кои одговорно и посветено се работи. Се работи за проект кој е во должина од 4, 5 км и проект кој значи целосна рехабилитација и поврзување со Република Бугарија. Ова не е само обиколица на Крива Паланка, ова е поврзување со Бугарија и е витален дел од Кориодр 8 во кој многу вложуваме со цел развој на истиот. Минатиот јануари беше пуштен експресниот пат од Крива Планака до Страцин и ова е природно надоврзување на тој експресен пат, а во моментов интензивно се работи на осовременување, проширување и модернизирање на граничниот премин Деве Баир. Првата фаза треба да биде готова до јуни месец, се работи на реконструкција на постојните објекти и после јуни месец да влеземе во втора фаза што ќе значи проширување на граничниот премин. Со еден модернизиран и проширен граничен премин и со една модернизирана обиколница на Крива Планака и еден експресен пат кој оди од Крива Паланка до Страцин целосно се развива источното крило на Коридор 8” – потенцира вицепремиерот Николоски.

Тој истакна дека на овој Коридор во соработка со ЕУ во рамки на Планот за раст се бара најсоодветно решение за модернизација и од патниот дел на Страцин до Романовце, односно до Куманово.  Во однос на железничкиот поврзување на Исток тој додаде:

“Интензивно веќе започнаа работите на железничкото поврзување на Крива Паланка со Скопје и со Софија. Потпишавме Договор со Бугарија за прекуграничниот тунел, а на фаза 2 веќе се задвижени работите иако таму имаме наследена ситуација од претходната Влада, изведувач кој не е одговорен, но со силен притисок работите се движат напред, така да очекувам и за тој проект да дојдеме со добри вести што ќе значи Крива Планака да ја поврземе со Бељаковце и да имаме дневна линија воз од Крива Паланка до Скопје”- потенцираше вицепремиерот Николоски.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Просечна плата од речиси 50.000 денари – доволна ли е

26/07/2026
Македонија

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026
Македонија

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето,

25/07/2026
Македонија

ПО НЕЗАПАМЕТЕНОТО НЕВРЕМЕ: Штетите во Штип и Пробиштип се бројат

25/07/2026
Македонија

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси

25/07/2026
Македонија

САБОТАЖА НА ЖЕЛЕЗНИЦАТА: Украдени бакарни делови, штетата е огромна –

25/07/2026
Македонија

ПОГЛЕД КОН МЕСЕЧИНАТА: Вечерва јавно астрономско набљудување на плоштадот „Македонија“

25/07/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ НА ТЕРЕН: Епидемијата во Гостивар се смирува, во

25/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44657
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Просечна плата од речиси 50.000 денари – доволна ли е за достоинствен живот?

26/07/2026

Просечната нето-плата во Македонија продолжува да расте и во мај достигна 49.544 денари, што е за 8,2 проценти повеќе во

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026

На ден 25.07.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од

СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО ЧЕШИНОВО-ОБЛЕШЕВО: Општината згрижи млади штркови по невремето, се планира изградба на посебен

25/07/2026

По силното невреме што неодамна ја зафати Општина Чешиново-Облешево, локалната самоуправа презеде итна акција за спасување на симболот на овој

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy