Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УАПСЕН ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ Маскиран маж отвори оган среде католичка црква во Истанбул, едно лице е убиено
Македонија

УАПСЕН ЕДЕН ОД НАПАЃАЧИТЕ Маскиран маж отвори оган среде католичка црква во Истанбул, едно лице е убиено

30/01/2024

AA

Турската полиција уапси еден од напаѓачите на католичката црква во Истанбул, во која загина едно лице, јавија денеска турските медиуми. Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја претходно изјави дека двајца напаѓачи отвориле оган во црквата Света Марија, каде што убиле едно лице.

Весникот „Милијет“ пишува дека антитерористичките единици уапсиле еден од напаѓачите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно денеска изрази сочувство до католичката заедница во Истанбул во врска со нападот на црквата во кој загина едно лице и најави дека ќе бидат преземени неопходните чекори за апсење на убијците.

Сочувство упати и папата Франциско, кој изјави дека е со католичката заедница во Истанбул.

Маскирани напаѓачи упаднале во црквата за време на богослужбата
Да потсетиме, двајца маскирани напаѓачи извршија вооружен напад врз католичката црква во Истанбул за време на неделната богослужба, при што едно лице беше убиено, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Според најавата на Јерликаја, вооружени напаѓачи упаднале во црквата Света Марија во истанбулскиот кварт Саријер во 11 часот и 40 минути по локално време, јавува турскиот сервис на Си-Ен-Ен.

Министерот рече дека двајцата напаѓачи носеле маски и биле присутни со верниците за време на неделната молитва.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44999
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy