Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Уапсен е маж кој планирал бомбашки напад на џамија во БиХ
Регион

Уапсен е маж кој планирал бомбашки напад на џамија во БиХ

07/08/2023

AA

Во Босна и Херцеговина (БиХ) е уапсен терорист кој планирал бомбашки напад на џамија. 

Обвинителството денеска потврди дека во земјата е уапсен маж поврзан со терористичката организација Исламска држава кој планирал да изврши терористички напад на територијата на земјата. Се работи за 42-годишниот Мирза Капиќ од градот Зеница, кој претходно е осуден за кривични дела поврзани со тероризам и бил на боиштата во странство.

Капиќ е уапсен на крајот на јули од страна на припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA). Oбвинет e дека користел апликации за комуникација за да контактира со луѓе кои поддржуваат радикални движења и помагачи на Исламската држава минатиот месец.

Во преписката која ја пресретнала полицијата, тој потврдил дека планирал напад со експлозив врз џамија во Босна и Херцеговина во јули. Не е наведено во кое место Капиќ го планирал нападот. Од лицата со кои контактирал барал упатство за изработка на експлозивна направа со детонатор.

Сакал да ги нападне проповедниците на Исламската заедница во БиХ кои објавуваат прогласи против исламските радикали и кои, како што рекол, ги пријавуваат поддржувачите на радикалните движења и на Исламската држава во полициските агенции во БиХ. При апсењето полицијата ја одземала електронската опрема што ја користел Капиќ и на неа сега се врши дополнително вештачење. Тој е осомничен за кривично дело тероризам. Голем број босански државјани војуваа во Сирија. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВАКЦИНИРАЈТЕ ГИ ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ ПРОТИВ БЕСНИЛО! Апел од Агенцијата за

28/09/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите

27/09/2026
Македонија

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на

27/09/2026
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45837
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВАКЦИНИРАЈТЕ ГИ ДОМАШНИТЕ МИЛЕНИЦИ ПРОТИВ БЕСНИЛО! Апел од Агенцијата за храна и ветеринарство

28/09/2026

На секои девет минути беснилото зема по една жртва, но смртта може да биде 100 отсто спречена. Кога работиме заедно,

ПРОМЕНЛИВО ОБЛАЧНО, НО СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ Студено утро, попладне температурите ќе растат

27/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во понеделник, а температурите во текот на денот ќе се движат од

ДАЛИ АЛИ АХМЕТИ СВЕДОЧЕЛ ПРОТИВ ОВК ВО ХАГ? Лидерот на ДУИ доби многу непријатно прашање

27/09/2026

Дали Али Ахмети сведочел против Ослободителната војска на Косово во Хаг и дали неговиот исказ имал каква било улога во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy