Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП ЗА УТРЕ НАЈАВИ ВАЖЕН БРИФИНГ – кои се нафтените компании кои со фиктивни фактури црпеле пари од буџетот
Економија

УЈП ЗА УТРЕ НАЈАВИ ВАЖЕН БРИФИНГ – кои се нафтените компании кои со фиктивни фактури црпеле пари од буџетот

14/01/2024

AA

Управата за јавни приходи ги демантира наводите на ВМРО-ДПМНЕ, кои тврдеа дека таа институција не постапила или воопшто немала увид во случајот со мрежа на компании кои преку фиктивни фактури црпеле милионски суми од Буџетот по основ на поврат на ДДВ. Од Управата ги оценија за невистинити ваквите наводи, посочувајќи дека во моментов надлежните институции го испитуваат случајот. 

„Управата за јавни приходи остро ги демантира наводите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во кои се изнесуваат невистини за работата на УЈП и постапката којашто ја водат надлежните институции за злоупотреба на даночниот систем. Изнесувањето неточни и лажни информации од страна на ВМРО-ДПМНЕ со кои се манипулира и доведува во заблуда јавноста нанесува штета на работењето на УЈП“,
се наведува во соопштението на УЈП.

Од Управата уверуваат дека институциите согласно своите надлежности постапуваат како за овој, така и за сите останати случаи. Дополнително, УЈП апелира до јавноста да ги следи официјалните информации од институциите.

За ова УЈП во текот на утрешниот ден најави и брифинг со новинарите.

А ова следуваше откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека мрежа од компании направиле милионски штети на државниот Буџет откако подолго време со фиктивни фактури црпеле пари по основ на поврат на ДДВ. Обвинија оти челниците на УЈП или знаеле и молчеле за целиот случај или немаат увид.

Ваквите навови, од владејачкиот СДСМ ги отфрлија како невистинити, велејќи дека случајот со мрежа нафтени компании кои сакале да го изиграат системот и да извлечат пари од Буџетот бил откриен токму од УЈП и од директорката Сања Лукаревска, а повеќе детали најавуваат за в понеделник.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy