Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП со важна информација
Македонија

УЈП со важна информација

11/01/2025

AA

Управата за јавни приходи (УЈП) ги потсетува сите правни и физички лица кои заклучно со декември 2024 година, оствариле вкупен промет повисок од 2.000.000 денари од вршење на оданочив промет на добра и услуги, дека имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност ( образец ДДВ-01).

Доколку како физичко лице изнајмувате деловен простор во земјата, давате менаџерски, правни, економски, инжињерски, занаетчиски услуги, давате приватни часови на ученици и студенти, остварувате приходи од продажба на земјоделски производи или вршите друг оданочив промет и во 2024 година сте оствариле промет над 2.000.000 денари треба да се регистрирате за целите на ДДВ.

Вкупен промет за целите на ДДВ е прометот што го направил обврзникот во текот на годината по основ на продажба на добра и извршени услуги.

Во вкупен промет не влегува прометот кој е ослободен од ДДВ без право на одбивка на претходен данок, како на пр: изнајмување на станбени објекти и станови за живеење, услуги на осигурување и реосигурување, здравствени услуги, услуги за изучување на странски јазици, услуги на компјутерски центри, меѓународен превоз на патници и др.

Исто така во вкупен промет не влегува и прометот кој се врши кон странски даночни обврзници и кој не подлежи на оданочување со ДДВ како на пример: вршење на консултантски, адвокатски, ИТ и др услуги кон странски даночни обврзници.

Ако даночниот обврзник ја вршел својата дејност само во еден дел од календарската година, вкупниот годишен промет за цели за ДДВ се пресметува на тој начин што се зема вкупниот остварен промет за месеците кога сте ја вршеле дејноста, истиот се дели со бројот на месеците на работење и се множи со дванаесет при што се добива вкупен годишен промет.

На пример: Ако сте склучиле договор за закуп на деловен простор со почеток од 01.07.2024 година, а месечната закупнина изнесува 200.000 денари, пресметката за вкупен годишен промет за цели на регистрација за ДДВ е следна:
Бруто приход за 6 месеци: 1.200.000 денари

Месечен бруто приход: 1.200.000 / 6 месеци=200.000 денари
Вкупен годишен приход: 200.000 * 12 месеци=2.400.000 денари
Во овој случај даночниот обврзник има обврска да се регистрира за целите на ДДВ.

Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност, (образец ДДВ-01), може да се достави и од даночните обврзници кои сакаат доброволно да се регистрираат. Пријавите за регистрација за ДДВ се доставуваат најдоцна до 15-ти јануари 2025одина, електронски на http://etax.ujp.gov.mk/eTaxServices/, лично во организациска единица на УЈП или по пошта.
Физичките лица ДДВ обврзници, заради електронско потпишување и поднесување на ДДВ пријавите треба да набават и дигитален сертификат на USB токен.

Во однос на оние кои се регистрирани за ДДВ а кои не оствариле промет над два милиони денари во претходната календарска година, а кај кои е истечен најмалку тригодишен период од регистрацијата за целите на ДДВ, можат да поднесат Пријава за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност.

Исто така, и ДДВ обврзниците кои во секоја од двете претходни календарски години поднесувале даночни пријави со вкупен промет помал од два милиони денари и кои во секоја од двете претходни календарски години не искажувале претходен данок за одбивање, можат да поднесат Пријава за отповикување на регистрација за данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01Б).
Пријавата за отповикување на регистрација за ДДВ (образец ДДВ-01Б) се поднесува најдоцна до 15-ти јануари 2025 година по електронски пат на http://etax.ujp.gov.mk/eTaxServices/ лично во најблиската организациска единица на УЈП или по пошта.
Воедно, потсетуваме и дека Управата за јавни приходи може службено да изврши прекинување на регистрацијата за ДДВ доколку утврди дека:

· во претходната календарска година, даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажан данок за извршен промет и без искажан претходен данок за одбивање;
· во двете претходни календарски години, даночниот обврзник поднесувал даночни пријави без искажување на данок за извршен промет, со исклучок кога во истите периоди во даночните пријави искажува само промет ослободен од данок со право на одбивка или претходен данок кој произлегува од промет на инвестициони добра извршен кон даночниот обврзник или увезени од него;
· даночниот обврзник не може да се најде на пријавената адреса и на адресата за вршење на деловни активности
· даночниот обврзник не поднесувал даночна пријава за најмалку два даночни периоди кај месечните или тримесечните даночни обврзници;
· кај даночниот обврзник претходно е идентификувано даночно затајување.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026
Македонија

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории

27/05/2026
Македонија

Со тишина и молитва до правда: Најавен 44-тиот „Марш на

27/05/2026
Македонија

МВР воведува кодекс за облекување за граѓаните и вработените

27/05/2026
Македонија

Со возачка дозвола од „Б“ категорија отсега ќе може да

27/05/2026
Македонија

АПИС и АСОМ бараат јавна расправа за предлог законот за

27/05/2026
Македонија

Грозданов: Модерното рударство денес е една од најконтролираните индустрии

27/05/2026
Македонија

Филипче: Граѓаните одлучуваат за патот кон ЕУ, власта да распише

27/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43490
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФОТО Запален камион на патот Битола-Прилеп

27/05/2026

Камион полн со роба се запали попладнево на патот Битола-Прилеп. Според информации од терен, формирани се големи колони и застој

Државата воведува месечна помош од 3.000 денари за ранливите категории граѓани

27/05/2026

Нова финансиска поддршка за социјално загрозените лица Државата подготвува нов пакет мерки за финансиска поддршка, со кој е предвидено одредени

Со тишина и молитва до правда: Најавен 44-тиот „Марш на ангелите“ за 63-цата загинати во

27/05/2026

На денот на Задушница, со тишина, молитва и непоминлива болка, семејствата на настраданите, повредените и граѓаните ќе го одржат 44-тиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy