Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП: Не е точно дека над 80.000 вработени уште не зеле јануарска плата
Економија

УЈП: Не е точно дека над 80.000 вработени уште не зеле јануарска плата

06/03/2025

AA

Управата за јавни приходи(УЈП) даде објаснување отколку бројот на
работници кои не примиле плата.

Велат дека за месец јануари 2025 година, обврска за исплата на бруто
плата имале вкупно 70.322 работодавачи за 550.001 вработено лице.

Бидејќи законскиот рок 15 февруари се падна во сабота, земајќи ги
уплатите до 14 февруари, МПИН пресметките ги платиле 46.525 работодавачи (66,2
отсто) за 468.490 вработени лица (85,2 отсто).

„Земајќи ги во предвид и уплатите на 17 февраури, МПИН пресметките ги
платиле 52.384 работодавачи (74,5 отсто) за 496.778 вработени лица (90,3
отсто). Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и
после рокот 15 февруари. Така, согласно последната состојба на МПИН уплати, а
заклучно  со датум 04 март 2025 година, за месец јануари 2025 година МПИН
пресметки  поднеле и платиле вкупно 60.118 работодавачи или (85,5 отсто)
од работодавачите за 528.418 вработени, што е  (96,1 отсто). За месец јануари 2024 година обврска за исплата на бруто плата имале
вкупно 70.020 работодавачи за 469.343 вработено лице. 
До законскиот рок 15 – февруари 2024 година МПИН пресметките ги платиле
47.795 работодавачи (68.3 отсто) за 468.490 вработени лица (85,2 отсто). 
Според
податоците, велат дека не е точно дека над 80.000 вработени уште не зеле
јануарска плата за 2025 година“, велат од УЈП. 

Заклучно
со 04.03.2025 год. МПИН пресметката не ја платиле 4.307 работодавачи што е (6,1
отсто) за 11.504 вработени лица што е (2,1 отсто) од вработените, додека 5.897
работодавачи, односно  (8,4 осто) за 10.079 вработени лица (1,8 отсто) сè
уште не поднеле МПИН пресметка за месец јануари 2025 година. Бидејќи мерките за
присилна наплата на УЈП се во тек, се очекува да продложи наплатата на
преостанатите долговните износи.

Управата
за јавни приходи редовно го следи и известува за трендот на исполнување на
даночните обврски. Според последната анализа споредбено на месечно ниво
податоците за работодавачите кои исплаќаат плата во законскиот рок и
работодавачите кои исплаќаат плата со задоцнување се на приближно исто ниво и
податоците не се разликуваат драстично од месец на месец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ОБЛАЦИТЕ И СОНЦЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ Ќе дува ветер со

21/02/2026
Македонија

„НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ“: Роднините на жртвите од „Пулс“

21/02/2026
Македонија

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар

21/02/2026
Македонија

ВИДЕО ВАРДАР ГО СКРШИ ОТПОРОТ НА БАШКИМИ: Цветковиќ донесе три

21/02/2026
Македонија

СЕ ЗАПАЛИ ПЛИНСКА БОЦА, ПРЕДИЗВИКА ПАНИКА ВО ЦЕНТАРОТ НА КОЧАНИ

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ, 21-ГОДИШНИК КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СВОЈАТА БРЕМЕНА

21/02/2026
Македонија

Автопатот Гостивар-Букојчани готов до 2029 година – експропријацијата речиси завршена

21/02/2026
Македонија

УЖАС ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: 21-годишник крвнички ја претепал и ја

21/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41755
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОБЛАЦИТЕ И СОНЦЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВААТ Ќе дува ветер со брзина од 60 километри на

21/02/2026

Променливо облачно со сончеви периоди. Во утринските часови во северозападните планински региони ќе има услови за провејување на слаб снег.

„НАШЕТО ТРПЕНИЕ Е ПРИ КРАЈ“: Роднините на жртвите од „Пулс“ револтирани од бавното судење и

21/02/2026

Александар Наунов, татко на загинатата Надица Наунова во трагедијата „Пулс“, преку јавно обраќање упати остри критики кон институциите. Тој ги

НЕМА ПОТРЕБА ОД ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ Граѓаните очекуваат реформи и подобар живот

21/02/2026

Владината коалиција функционира одлично и во овој момент нема потреба од одржување предвремени парламентарни избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy