Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УЈП ги објави податоците за исплатата на јануарската плата за 2025 година: 85,5% од работодавачите веќе ги исплатиле платите
Македонија

УЈП ги објави податоците за исплатата на јануарската плата за 2025 година: 85,5% од работодавачите веќе ги исплатиле платите

06/03/2025

AA

Со цел информирање на јавноста за исплатата на јануарската плата, Управата за јавни приходи транспарентно и точно ги доставува податоците за МПИН пресметките за месец јануари 2025 година и споредбените податоци за јануари 2024 година.

За месец јануари 2025 година, обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.322 работодавачи за 550.001 вработено лице.

Бидејќи законскиот рок 15 февруари се падна во сабота, земајќи ги уплатите до 14 февруари, МПИН пресметките ги платиле 46.525 работодавачи (66,2%) за 468.490 вработени лица (85,2%).

Земајќи ги во предвид и уплатите на 17 февраури, МПИН пресметките ги платиле 52.384 работодавачи (74,5%) за 496.778 вработени лица (90,3%). Ова покажува дека исплатата на платите продолжува со задоцнување и после рокот 15 февруари. Така, согласно последната состојба на МПИН уплати, а заклучно  со датум 04.03.2025 година, за месец јануари 2025 година МПИН пресметки  поднеле и платиле вкупно 60.118 работодавачи или (85,5%) од работодавачите за 528.418 вработени, што е  (96,1%)

Според податоци, не е точно дека сеуште над 80.000 вработени не зеле јануарска плата за 2025 година.

Заклучно со 04.03.2025 год. МПИН пресметката не ја платиле 4.307 работодавачи што е (6,1%) за 11.504 вработени лица што е (2,1%) од вработените, додека 5.897 работодавачи, односно  (8,4%) за 10.079 вработени лица (1,8%) сèуште не поднеле МПИН пресметка за месец јануари 2025 година. Бидејќи мерките за присилна наплата на УЈП се во тек, се очекува да продложи наплатата на преостанатите долговните износи.

За месец јануари 2024 година обврска за исплата на бруто плата имале вкупно 70.020 работодавачи за 469.343 вработено лице.

До законскиот рок 15 – февруари 2024 година МПИН пресметките ги платиле 47.795 работодавачи (68.3%) за 468.490 вработени лица (85,2%).

Управата за јавни приходи редовно го следи и известува за трендот на исполнување на даночните обврски. Според последната анализа споредбено на месечно ниво податоците за работодавачите кои исплаќаат плата во законскиот рок и работодавачите кои исплаќаат плата со задоцнување се на приближно исто ниво и податоците не се разликуваат драстично од месец на месец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45051
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку историскиот „Француски пат“

16/08/2026

Големо Езеро на Баба Планина ќе добие директна патна врска со преспанското село Брајчино преку реконструкција и ставање во функција

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски парк во Скопје

16/08/2026

На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy