Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата од 600 евра или генерален штрајк!
Македонија

„Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата од 600 евра или генерален штрајк!

17/02/2026

AA

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска ја заокружи серијата блокади со протест пред Владата, упатувајќи јасен ултиматум: доколку до крајот на февруари не се договори зголемување на минималната плата на 600 евра, работниците во март излегуваат на генерален штрајк.

Синдикатот бара итно менување на Законот за минимална плата и линеарно зголемување на сите останати плати за 100 евра. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, појасни дека трпението на работниците е при крај.

„Ако до крајот на февруари не седнат на маса за повисоки плати, во првата половина на март следува генерален работнички протест. Ќе обезбедиме превоз за сите, за да нема изговори,“ порача Трендафилов по седницата на Претседателството на ССМ.

Синдикалците остро ги отфрлија аргументите на работодавачите дека е потребна поголема продуктивност за повисоки плати. Повикувајќи се на податоци од Меѓународната организација на трудот (МОТ), Трендафилов изнесе фрапантни бројки:

Според ССМ, токму инсистирањето на „лажна продуктивност“ во изминатите три децении доведе до егзодус на најквалификуваниот кадар и нивните семејства од државата.

Синдикатот апелира до извршната власт сериозно да ги разгледа барањата на денешната седница. Тие предлагаат Владата да им „подаде рака“ и на бизнисите преку ослободување од придонеси, но само под услов тие средства да завршат директно во џебот на работникот.

Доколку не се постигне договор, во март ќе се случи само законското усогласување на минималецот, кое според проекциите изнесува скромни 1.500 до 1.700 денари. За ССМ ова е неприфатливо, со оглед на тоа што синдикалната потрошувачка кошничка само во јануари порасна за речиси илјада денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија, четири се под контрола

09/09/2026
Македонија

Тошковски: „Безбеден град“ не е само за казнување, туку за

09/09/2026
Македонија

Судот го одложи судењето за „Лотарија“ по спроведувањето на Бајрами

09/09/2026
Македонија

ОЈО: Бајрами веќе е во притвор, против него се водат

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45587
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и буџетот нула денари

09/09/2026

Нула денари од државниот буџет, според премиерот Христијан Мицкоски, биле потрошени за организацијата на бројните настани со кои годинава беше

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме и да ја поевтиниме

09/09/2026

Цената на електричната енергија за домаќинствата би можела да остане на сегашното ниво, а постои можност и за нејзино намалување,

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над 2 милиони денари

09/09/2026

Инспекциските служби во периодот од 31 август до 6 септември спровеле вкупно 464 надзори на територијата на Македонија, при што

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy