Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Троженствено осветување на сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше
Македонија

Троженствено осветување на сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше

30/07/2023

AA

Со масовно присуство на верници од многу градови во државава, постојани и поранешни жители и нивни потомци од долнореканските села и од Дебар денеска осветен беше сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше.

Осветувањето го извршија Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископ Антаниски г. Партениј.

На овој величенствен настан присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателката на ЛДП Моника Зајкова, како и директорот на Агенција за храна и ветеринарство Никола Бабовски.

Осветување на сечесниот храм на Пресвета Богородица во Ростуше

На богослужбата пред многубројните верен народ се обрати владиката Партениј.

– Драги Христијани, Да Му благодариме на Господ Бог и на Пресветата Владичица наша Богородица што нè удостоија да го видиме на ова возвишение овде, во славниот мијачки крај, над некогашниот славен манастирски комплекс наречен Двораник, повторно во полн сјај овој свет и сечесен Храм, посветен на Мајката Божја. Бездруго многу поколенија го очекувале овој свештен миг. Оти, историјата на ова Светилиште се протега длабоко во вековите и со него се поврзани доста значајни моменти од историјата на православниот народ во овој крај, но и многу премрежија и искушенија, рече владиката.

Додаде дека за Богородичната црква во село Ростуше имаат сигурен запис уште од првата половина на 15. век.

– Имено, познатиот феудалец во тоа време од овие простори, Иван Кастриот, таткото на легендарниот Георгиј Кастриот, познат и како Скендербег, кој бил борец за христијанската вера, како мошне побожен Христијанин, посакал дел од своето владение да и го подари на Светата Гора Атонска, поконкретно на манастирот Хилендар. Така, во неговата дарителска Повелба до Хилендарската Света Обител стои, мег у другото, дека тој и ја подарил Црквата на Пресвета Богородица во с. Ростуше, којашто суштествувала од порано, заедно со селото Радостуше (Радост на
душата) и селото Требиште. Оттогаш поминаа речиси 600 години и еве, по Божја промисла, ние токму сега го правиме осветувањето на новиот Храм на Царицата Мајка, кој не е ништо друго, освен едно непрекинато продолжение на црковната историја и наследство во овој крај, нагласи владиката Партениј.

Архиерејската литургија со свое молитвено пеење ја збогати хорот Митрополит Козма Пречистански од Кичево. Свеченоста со културно уметнички настап ја збогатија Ансамбл Македонија и музичкиот состав Чагија мерак.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток

27/09/2026
Македонија

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во

27/09/2026
Македонија

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски

27/09/2026
Македонија

88-ГОДИШНИК СТРУЖАНЕЦ НАСАМАРЕН ЗА 300.000 ДЕНАРИ Му ветиле награда, а

27/09/2026
Македонија

„ВИДОВМЕ МАЛА ГРУПА НА ПУЧИСТИ, ЛУЃЕ ОД ЗНАМ И ЛЕВИЦА“

27/09/2026
Македонија

ВО ОПОЗИЦИЈАТА СЕ СЛУЧУВА ЦИРКУС Петрушевски му порача на Филипче

27/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА СÈ ПОПРИВЛЕЧНА ЗА СТРАНЦИТЕ Турците најбројни, Германците и Србите

27/09/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ СО НОВА ПОРAКА ДО ФИЛИПЧЕ Престанете да обвинувате други

27/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45834
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ Е ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЧЛЕНСТВОТО, ТУКУ НА ФИКТИВНИ КАРТИЧКИ Жесток одговор од „12:05“ по прес-конференцијата

27/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ реагираше на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го дека со

ЗЕМЈОТРЕС ЈА ЗАТРЕСЕ ПРЕСПА Потресот почувствуван во Битола и во околината

27/09/2026

Земјотрес со локална магнитуда од 3,3 степени според Рихтеровата скала денеска во 14 часот и 4 минути ја затресе областа

НЕ БЕГАМЕ ОД ОДГОВОРНОСТА, ИЗЛЕГУВАМЕ ПРЕД ГРАЃАНИТЕ СО ОТЧЕТ Димитриевски со порака од Гевгелија

27/09/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска во Гевгелија продолжи со средбите со граѓаните под мотото ‘Две години работа. Две

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy