Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трошоците на живот зголемени за 11,3% во мај, а цените повисоки за 7,5%
Македонија

Трошоците на живот зголемени за 11,3% во мај, а цените повисоки за 7,5%

07/06/2023

AA

Трошоците на животот во мај годинава се зголемени за 11,3 % во споредба со истиот месец лани, а цените на мало бележат зголемување од 7,5 %. На месечно ниво трошоците на животот во мај годинава се повисоки за 0,4 % во однос на април 2023 година, додека цените на мало се намалени за 0,9%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, пораст на трошоците на животот во мај 2023 година споредено со истиот месец лани е забележан кај храната од 14,8% и тоа кај лебот и житата порастот е од 20,1%, кај месото од 23,4%, рибата и морските плодови од 10,2%. Пораст на трошоците има и кај млекото сирењето и јајцата од 18,1% и кај заленчукот од 10,5%.

Трошоците на живот кај прехранбените производи за една година се зголемиле за 14,7 %, кај безалкохолните пијалаци за 10,7%, а кај кафето, какаото и чајот за 12%. За една година трошоците за живот скокнале и кај водата за пиење, поправките н домот како и обирањето на сметот како и кај електричната енергија гасот и гругите горива поскапеле за 17,1%.

Од мај лани до мај годинава цените на земјодлеските производи се зголемени за 4%, на индустриските производи за 8,9%, а на индустриските прехранбени производи за 16,2%, а пијалаците за 12,1%.

За еден месец, пак, од април до мај годинава трошоците на живот се зголемиле кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 13,3%, свежото и разладеното овошје за 8,5, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2, рибата и морските плодови за 1,6, жестоките пијалаци за 0,8, сирењето и урдата за 0,5, месото за 0,4, кафето, чајот, какаото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук, виното за 0,3, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, пивото за 0,2 отсто.

Намалување на трошоците на животот е забележано и кај воздухопловниот патнички транспорт за 27,2 %, течните горива за домаќинствата за 7,3, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5,5, гасот за домаќинствата за 4,3, цврстите горива за домаќинствата за 3%.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку

16/08/2026
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45051
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Националниот парк „Пелистер“ ги поврзува Големо Езеро и Брајчино преку историскиот „Француски пат“

16/08/2026

Големо Езеро на Баба Планина ќе добие директна патна врска со преспанското село Брајчино преку реконструкција и ставање во функција

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски парк во Скопје

16/08/2026

На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy