
Три години затвор и пет години забрана за вршење дејност за гинекологот Асани кој ја остави Веапоска без матка, јајник и бубрег!
Гинекологот Мухамед Асани, кој го изведе царскиот рез по кој родилката Јалдз Веапоска остана без матка, јајник и бубрег, денес беше прогласен за виновен и осуден на три години затвор.
„Судот обвинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траање од три години, која што е максимална предвидена за ова кривично дело, а по издржување на казната затвор му изрекува споредна казна забрана за вршење професија, дејност или должност во траење од пет години“, кажа судечкиот судија Јордан Jованов при изрекувањето на пресудата.
Дополнително, му е изречена петгодишна забрана за вршење лекарска дејност, како и одземање на лиценцата од Лекарската комора.
Другите двајца обвинети во случајот – неговиот син, доктор Блертон Асани, и гинекологот Лилјана Јовановска – се ослободени од обвинението.

