Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРГОВИЈАТА ЈА ПРИДВИЖИ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА, ИНДУСТРИЈАТА СО ГОЛЕМ ПАД – економистите очекуваат позитивните трендови да продолжат
Економија

ТРГОВИЈАТА ЈА ПРИДВИЖИ ДОМАШНАТА ЕКОНОМИЈА, ИНДУСТРИЈАТА СО ГОЛЕМ ПАД – економистите очекуваат позитивните трендови да продолжат

09/12/2024

AA

Растот на домашната економија во третиот квартал според економистите најмногу е воден од јавната потрошувачка, поддржана и од приватанта потрошувачка. 

– Во третиот квартал од 2024, БДП се зголеми за 3 отсто на годишна основа, продолжувајќи го забрзувањето кое отпочна претходно. Тоа е во линија со очекувањата изразени во претходниот Макроекономски монитор. 

Забрзувањето е водено од благото забрзување на приватната потрошувачка од 1,9 проценти и значајното интензивирање на јавната потрошувачка од 13,3 отсто. Последното, пак, следи по значајното продлабочување на буџетскиот дефицит од 5,8 проценти за првото полугодие од годината, иако самиот трет квартал од 2024 заврши со скоро врамнотежен буџет. 

Додека, бруто инвестициите (0,6 отсто), извозот и увозот стагнираат во третиот квартал, по падовите кои ги искусија низ целата 2023 и првото полугодие од 2024 година. 

На производната страна, растот во овој квартал е скоро во целост воден од трговијата со 10,6 проценти, како најголем сектор според номиналниот придонес кон додадената вредност, додека евидентен е падот на вториот по големина сектор, индустријата со – 4,6 отсто – се нагласува во анализата на Инстиотот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“. 

Од Инститотот укажуваат дека невработеноста во третиот квартал од 2024 понатамошно благо се намали на 12,3 отсто. Во овој квартал продолжува намалувањето на воздржаноста на пазарот на трудот, имајќи предвид дека се креирани близу 7,000 нови работни места, а активноста на населението се подобри на 52,6 проценти. 

Но, од „Фајненс тинк“ укажуваат дека најголем дел од работните места се создадени во земјоделството и индустријата, додека растот на додадената вредност во трговијата не е проследен со нови работни места, бидејќи таму бројот на работници е намален и во однос на претходниот квартал и во однос на истиот квартал од 2023.

– Во третиот квартал од 2024, инфлацијата забави на 2,6 отсто (по благото забрзување на 3,9 проценти) на годишна основа. Овие тенденции кај цените се во линија со очекувањата за целата 2024 година, за што во прилог оди благото олабавување на притисоците од страната на платите (благо забавен раст од 11,9 проценти и стагнација во однос на претходниот квартал). Но, потенцијални варијации кај цените на одредни групи производи и потезите на фискалната политика налагаат потреба од понатамошна претпазливост во однос на инфлацијата.

Позитивната динамика на економијата се очекува да продолжи до крајот на 2024 година и во првите квартали од 2025. Finance Think останува на проекциите за раст на БДП во 2024 од 2,7 отсто и за раст на цените од 3,8 проценти дадени во претходните Макро-монитори. Проекциите за 2025 се: раст на БДП од 3,5 отсто и раст на цените од 2,4 проценти – се нагласува во нивниот макромонитор. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
Македонија

РУБИН ЗЕМОН СЀ УШТЕ СЕДИ ВО ПРВ РЕД ВО СДСМ

26/09/2026
Македонија

ИСТРАГА ЗА ИНСПЕКТОРКАТА ЗА ХРАНА ШТО БАРАЛА МИТО Се бара

26/09/2026
Македонија

РОДИТЕЛ НАТЕПАЛ ДРУГАР НА СИНОТ Тинејџерот со повреди бил примен

26/09/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ГРАДИ ЕКСПРЕСЕН ПАТ ОД РАДОВИШ ДО НОВО СЕЛО

26/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА СО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ Се

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45821
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ ЗАРОБЕНАТА ПАРТИЈА Ивановски му порача

26/09/2026

Венко Филипче и кликата околу него, која што е политичко бизнис профитерска се фракцијата во СДСМ. Членството во огромно мнозинство,

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА Претходно објавил видео на социјалните

26/09/2026

Тетовец осомничен за силување дете сам се пријавил во полиција синоќа откако претходно објавил видео на социјалните мрежи, соопшти полицијата.

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ СЕ ПРИКЛУЧИ ВО ЕУ Европратеникот

26/09/2026

Мислам дека напредокот ви е потребен вам, на вашата земја, за да се движите понатаму и да се развиете во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy