Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска: Проверени факти, за вистинска детска заштита
Македонија

Тренчевска: Проверени факти, за вистинска детска заштита

08/02/2024

AA

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска истакна дека градоначалници кои не нудат решенија за предизвиците на граѓаните, не може да зборуваат за подобрување на системот на детска заштита.

„Технички министер кој не ги проверува информациите пред да излезе на телевизија, само ја манипулира јавноста.

Апелираме изјавите од техничкиот министер од ДПМНЕ и градоначалникот на Општина Штип пред да излезат во јавност да бидат подготвени со точни и проверени информации. Владата на ДПМНЕ која опфатот на деца во предучилишните установи го држеше под 25%, сега зборува за тоа како може да се вработат повеќе негуватели и воспитувачи за „поголем“ опфат на деца.

Имено двете градинки во Штип се проектирани за вкупен опфат на 1345 деца, а моментално е запишано само 1161 дете. Вистинската причина за одбивање на децата за сместување во градинка е неспособноста на Општината. Од министерство уште еднаш потврдуваме дека листи на чекање нема, а доколку има тоа Советот на општината може да го реши со одлука за проширување на капацитетот.

Во однос на лиценцирањето информираме дека изминатите две години лиценцирани се 740 лица во Министерството за труд и социјална политика и спремни за вклучување во процесот на предучилишно воспитание и образование. Додека во делот на вработувања, информираме дека во изминатите две години за во градинките во Штип побарани се вкупно 17 вработувања, 24 унапредувања и две продолжувања на согласности од кои само две вработувања и две унапредувања не се одобрени.

Детската заштита не треба да биде мета на партиски препукувања, мандатот на министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска е доказ за тоа!
На крајот од 2023 година беа потпишани дооговори за изградба на нови градинки во вредност од 4 милиони евра и тоа во Општините на чело со градоначалници од ДПМНЕ, односно Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром.

Отворената работа на министерството изминатите две години ја потврдуваат соработката со останатите општини, кои се проактивни и кои имаат познавања за пишување на проекти вредни за поддршка независно од нивната партиска обоеност. За ваква проактивност од Општина Штип не сме запознаени, не е направен обид за комуникација, ниту телефонски, ниту преку електронска пошта“, вели таа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ПРИ КУЌЕН ПРИТВОР И

16/10/2026
Македонија

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре

16/10/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци

16/10/2026
Македонија

ЗА СИЛНА БРВЕНИЦА, ДОСТАПНА ЗА СИТЕ Мицкоски ги повика жителите

16/10/2026
Македонија

🎥 ЖЕНА ТЕПА СО ТУПАНИЦИ ПОСТАРА ЖЕНА КОЈА СТОИ СО

16/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРА КАКО ПАЦИЕНТ ОД РИЗИЧНА ГРУПА Клековски

16/10/2026
Македонија

ВЕЌЕ НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПАТУВА ДО СКОПЈЕ ЗА ДА

16/10/2026
Македонија

АРМИЈАТА НАСКОРО ДOБИВА ДВА ТРАНСПОРТНИ ХЕЛИКОПТЕРА, А ПОТОА УШТЕ ШЕСТ

16/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46213
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ВОВЕДАТ ЛИ ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ПРИ КУЌЕН ПРИТВОР И КУЌЕН ЗАТВОР? Јанев и Пандов

16/10/2026

Актуелните состојби во казнено-поправните установи, со посебен акцент на КПУ „Идризово“ и КПУ „Скопје“ се дел од темите на кои

„ОД НАВРЕДИТЕ НА ФИЛИПЧЕ ГЛЕДАМЕ ДЕКА ГО ЗАГУБИЛ РАЗУМОТ“ Утре може да ги продаде и

16/10/2026

Навредите кои Венко Филипче ги упатил синоќа од Брвеница укажуваат дека станува збор за личност која го загубила разумот, која

УТРИНСКИ МРАЗ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА Сончеви есенски денови со облаци и со ветер

16/10/2026

Времето утре ќе биде сончево со умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy