Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Бидете претседател на сите граѓани, не дозволувајте да нѐ избркаат од Македонија!“ – Отворено писмо на „Сакам да работам“ до Пендаровски
Економија

„Бидете претседател на сите граѓани, не дозволувајте да нѐ избркаат од Македонија!“ – Отворено писмо на „Сакам да работам“ до Пендаровски

08/02/2024

AA

Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ испрати отворено писмо до претседателот на државата Стево Пендаровски.

Писмото го пренесуваме во целост.

Почитуван
Претседателе Пендаровски,

Вчерашното
гласање за противуставните и скандалозни измени на Законот за игри на среќа од
мнозинството пратеници ни предизвика горчина во душите. Многумина од нас со
право почнуваат да се прашуваат дали да бидеш Македонец во сопствената земја
станува хендикеп? Отворено си ја поставуваме дилемата дали ќе се изгласаа вакви
измени ако се однесуваа на работодавец во кој доминантно се вработени припадници
на друга помала етничка заедница?

Бидејќи Владата и дел од пратениците повеќе од една година буквално избегнуваат да не
погледнат во очи и да ги сослушаат нашите аргументи, со ова отворено писмо, ќе
се обидеме сликовито да ви објасниме што преживуваат 10 илјади вработени со
своите семејства чекајќи дали вие ќе го потпишете указот за стапување во сила
на скандалозните и противуставни законски измени на Законот за игри на среќа.
Само, за разлика од предизборниот популизам на таканареченото движење „Антикоцкање“
од Тетово и другите дежурни критичари кои нема да носат никаква одговорност за
страшните последици кои ќе следат, ова се реални животни драми.

Вака
изгледаат сведоштвата на вработените во секторот игри на среќа:

  „Се
вработуваш вокомпанија која од владата и е издадена лиценца за приредување игри
на среќа. Странски инвеститори, познат во светски рамки. Тоа ти влева
самодоверба дека си добил сигурна работа.Во ова време на економски потреси тоа
е реткост.
Одиш на
платена обука,стекнуваш високи професионални вештини. Почнуваш да работиш,
добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни
дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и работење во смени, бидејќи
работното време е 24/7. Стекнувашфинансиска сигурност. Стапуваш во брак, ти се
раѓаат деца,решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, автомобил, бидејќи си
во финансиска кондиција да ги плаќаш ратите.

Одеднаш,
истата Влада која издала лиценца за работа, со ЕУ знаме предлага законски
измени кои треба да ги затворат легалните објекти за игри на среќа. Евроамбасадорот
јавно ги прозива надлежните дека ги злоупотребуваат скратените собраниски
процедури за измени што немаат врска со европското законодавство. Дел од
политичките партии неосновано обвинуваат дека ние што работиме во
обложувалниците и автомат клубовите сме дел од економски сектор кој и штети на
младината. Како родител на малолетно дете не можеш да прифатиш дека се води
безобзирна црна кампања за гласови во која не се избираат средства да те оцрнат
како криминалец. Мнозинството пратеници не само што не сакаат да ти го чујат
гласот, туку не дозволуваат ниту гласање на амандман кој треба да зачува 10
илјади работни места.Те фаќа несоница од помислата дека остануваш без работа.
Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со
извршители. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш
какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со
искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во
западните земји, во ЕУ. Со тешко срце почнуваш да го подготвуваш семејството
дека нема друг избор освен да си го барате чарето во туѓина.“

Почитуван
Претседателе,

Знаеме
дека е изборна година и дека речиси се’ се мери низ призмата на политички
интереси и број на гласови. Сепак, вашето јавно ветување дека нема да го
потпишете указот за стапување во сила на овие законски измени ни дава надеж
дека човештината е сеуште посилна од интересот.Државниот завод за статистика
неодамна излезе со поразителен податок дека 12 илјади луѓе годишно се иселуваат
од Македонија. Ако потпишете, ние сакале или не’ заедно со своите семејства
стануваме 35 илјади нови кандидати за иселеници.

Бидете
Претседател на сите граѓани, не дозволувајте да не избркаат од Македонија!

ЗДРУЖЕНИЕ
НА ВРАБОТЕНИ ВО СЕКТОР ИГРИ НА СРЕЌА 
САКАМ
ДА РАБОТАМ

Пр објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август

01/09/2026
Македонија

26 пожари на отворено во последните 24 часа, два и

01/09/2026
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45357
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 623 милиони денари исплатени за боледувања во август

01/09/2026

Фондот за здравствено осигурување во август годинава исплатил повеќе од 623 милиони денари за надоместоци на плата по основ на

26 пожари на отворено во последните 24 часа, два и натаму активни

01/09/2026

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор. Според последните информации

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy