Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тренчевска го демантира Велковски: Министерот без да има информации со завршени записници, факти и докази излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија
Македонија

Тренчевска го демантира Велковски: Министерот без да има информации со завршени записници, факти и докази излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија

18/03/2024

AA

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска испрати демант по повод изјавата на министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски.

„Набрзо деновиве ќе ги имаме конкретните записници по овие констатирани податоци“ вака заврши непотребната и лажна прес-конференција на техничкиот министер Велковски за информации кои не се плод на неговата работа. Повторно министерот без да има конкретни информации со завршени записници, факти и докази излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија, кои инаку се дел од информациите на тековно работење на министерството.

Имено Тренчевска во јануари потпишува меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи за размена на податоци за поседување на моторно возило во реално време. Ваквиот меморандум кој стапи на сила од февруари е мерка за превенција од злоупотреба на системот за социјална заштита. Конкретно Велковски се служи со информации кои се дел од транспарентните одлуки на Тренчевска. Тука не се работи за непостапување на службениците од социјална заштита туку за замајување на јавноста со нерелевантни податоци и засенување на видливите резултати од одлуките донесени од страна на СДСМ.

Пред потпишувањето на меморандумот податоците со МВР беа разменувани на месечно ниво со доставување на барање за проверка на информациите. Според Законот за социјална заштита секогаш кога ќе се утврди бесправна исплата на правата од социјална заштита лицата ги враќаат средствата. Истата пракса ќе се спроведи ако министерот најде било какви неправилности за исплата на Гарантирана минимална помош и социјална пензија.

До денес во секој случај каде е утврдено дека корисникот дал лажни информации за поседување на имот, правото од социјална заштита се укинува, а корисникот го враќа добиениот паричен надоместок.

Изминатите 50 денови министерот Велковски со јавноста не сподели ниту еден релевантен статистички податок, ниту еден факт и ниту една теза до денес не ја одбрани со аргумент. Вакви се кадрите на ДПМНЕ, без решенија и без конкретни знаења“, вели Тренчевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy