Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Тренчевска да ја смени директорката или ќе ги донесеме децата пред МТСП“, бараат родителите на децата од градинката „Детска радост“ во Автокоманда
Македонија

„Тренчевска да ја смени директорката или ќе ги донесеме децата пред МТСП“, бараат родителите на децата од градинката „Детска радост“ во Автокоманда

15/05/2023

AA

Родители на деца од градинката Детска радост во Автокоманда преку отворено писмо до јавноста и Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска бараат да се разреши директорката која, според нив, работи незаконски.

Тие се заканија дека нема да ги носат децата во градинката и ќе ги донесат пред министерството.

Во продолжение целосното отворено писмо:

„Детската градинка Детска радост во Автокоманда е градинка во која се згрижуваат децата од Автокоманда, Железара и Керамидница. Во време кога многу наши соседи чекаат со месеци да ги запишат децата во градинка, наместо за нови инвестиции нашата градинка во јавноста стана позната по скандали и незаконско работење.

Како родители згрозени сме од она што го читаме и слушаме во медиумите. На овој чекор се одлучивме, јавно да се обратиме до министерката за труд и социјална политика и да ги кажеме нашите ставови по однос на целата состојба.

Во градинката Детска радост се запишани 614 дечиња и тие не заслужуваат ваков однос каков што се случува во изминатите три недели.
Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека нашите деца често се оставени гладни и без храна, благодарение на менаџментот на градинката под раководство на разрешената директорка Анета Петровска?

Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека во нашата градинка на дете му беше дупната главата со лажица од страна на вработена во градинката? И што се случи? Вработената си продолжи со работа, само распределена од еден во друг клон.
Дали Вие како Министер за труд и социјална политика сте информирани дека ние како родители месечно од нашите пари уплаќаме надомест во градинката? А дополнително купуваме материјали за работа на децата, како и марамици, пластични чаши и сл? За ова нема пари од буџетот на градинката, ама гледаме дека за сметки по ресторани имало пари.

Дали Вие како Министер за труд и социјална политика знаете во каква состојба се клоновите на градинката? (фотографии во прилог на писмото) Нема пари за реконструкција на објектите, а има пари за луксузен мебел на кабинетот на менаџментот. Ве прашуваме зошто замижувате пред сето ова и се ставате заштита на жена која и во минатото била разрешувана од директорка во градинка во Петровец по идентични дела како и сега?

На крај, ја информираме јавноста дека како родители нема да дозволиме нашите деца да бидат згрижувани во детска градинка со која раководи лице кое видовме сите од документите, работело спротивно на многу закони.

БАРАМЕ од Министерката да не ги одзема ингеренциите на општината во управувањето на градинката Детска радост, бидејќи проблемот не е во општината, туку во разрешената директорка.

Доколку Министерката ја заштити разрешената директорка која работела спротивно на Закон и ги одземе ингеренциите на општината, нашите деца ќе ги донесеме пред зградата на Министерството за труд и социјална политика и ќе ги оставиме Министерката да се грижи за нив.

Нашите деца нема да одат во градинка која ја води директор осомничен за криминал!

Со почит, Родители на деца згрижени во детска градинка Детска радост“, се вели во писмото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy