Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Транспортерите на поранешно „Фени“ останаа со празни раце од стечајот
Економија

Транспортерите на поранешно „Фени“ останаа со празни раце од стечајот

14/07/2024

AA

Без околу 3 милиони евра останаа 80 транспортни фирми, односно превозници на производите на поранешно „Фени“, откако стечајната маса собра пари само да ги исплати работниците, односно нивните плати, кои имаат предност, објави ТВ24.

Според превозниците, „Еуроникел“ на компанијата Дабл Игл зад која стои турски Јилдирим се продала за само 18 отсто од проценетата вредност. Се собрале само 1,8 милиони евра колку за да се обештетат вработените.

– Нашите пари горат, на 100 превозници. Наместо 9,5 милиони евра, си направиле само 1,8 милиони евра, си изгласале доверителите, колку нив да ги исплатата, изјави еден од транспортерите за ТВ24.  Од таму најавија дека идната недела ќе има предупредувачки протест со возење на камионите околу комбинатот.

Турски ,,Јилдирим” во мај го купи комбинатот за фероникел, поранешно „Фени” од Кавадарци, а работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа.

Некогашниот гигант од Кавадарци, кој до пред некое време вработуваше околу 800 работници, во изминатиот период се соочуваше со проблеми, вработените протестираа, а компанијата која беше со странски газди, замина во стечај. Вработените редовно потсетуваат дека илјадници фамилии егзистираат од топилницата, имајќи ги во предвид и транспортните компании ангажирани за комбинатот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица,

17/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП

17/02/2026
Македонија

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените

17/02/2026
Македонија

МУРТЕЗАНИ ВО БРИСЕЛ, МАНГОВА ВО ЛОНДОН, ИЉАЗОСКА ВО ХАГ… Владата

17/02/2026
Македонија

Владата ја „освежува“ дипломатијата: Орхан Муртезани оди во НАТО, Илина

17/02/2026
Македонија

„Повредата на данскиот скијач не се случи на патека под

17/02/2026
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО

17/02/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова на средба со Никол Варнс: САД остануваат стратешки партнер

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗЕЛЕ БЕЗ ДОЗВОЛА И СО ЗАБРАНА Полицијата приведе осум лица, еден бил и пијан

17/02/2026

Осум возачи биле приведени во текот на вчерашниот ден во различни градови низ државата поради сериозни прекршоци во сообраќајот. Седуммина

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СО ХЕЛИКОПТЕР НА МВР ЛЕТАА ДО ПРИЛЕП Ги злоупотребуваа државните ресурси, а

17/02/2026

СДСМ повторно покажува дека нема никаква визија и идеја за развој на Македонија,  без идеи секојдневно растура пердуви во јавноста

Реките се полнат, Вардар и Треска неколкупати над просекот: Поплавените подрачја се санираат!

17/02/2026

Обилните врнежи од дожд предизвикаа драстичен пораст на нивото на реките низ целата држава, оставајќи ги надлежните служби во состојба

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy