Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Трамп: Во иднина Гренланд „можеби“ ќе биде дел од САД
Македонија

Трамп: Во иднина Гренланд „можеби“ ќе биде дел од САД

24/03/2025

AA

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повтори дека во иднина Гренланд „можеби“ ќе биде дел од Соединетите Американски Држави.

Трамп на новинарите по состанокот со официјални лица во неговиот кабинет изјави дека тоа е важно за националната безбедност на САД, пренесе Ројтерс.

Премиерот на Гренланд во заминување Муте Егеде рече дека членовите на неговата привремена влада нема да се сретнат со американска делегација која планира да посети американска воена база на островот оваа недела.

Егеде рече дека на Вашингтон му било кажано дека нема да има „преговори“ додека тој е на чело на привремената влада и додека не се формира нова влада на Гренланд по општите избори на 11 март.

Јенс-Фредерик Нилсен, веројатниот иден премиер на Гренланд и лидер на Демократите, централнодесничарската партија која победи на изборите, претходно ги критикуваше изјавите на Трамп за Гренланд како „несоодветни“.

Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, оваа недела ќе го посети Гренланд со нејзиниот син и американската делегација, во која, како што потврди Егеде, ќе биде и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуционерни реформи: Изјаснување за донорство кај матичен лекар

18/06/2026
Македонија

Алиу за најавената реконструкција: Политичките функции се менливи, важно е

18/06/2026
Македонија

В сабота средба Мицкоски–Димитриевски за реконструкцијата на Владата – Минчев

18/06/2026
Македонија

Привремен прекин на железничкиот сообраќај од 22 јуни до 1

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43811
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy