
Трамп сугерира дека Русија, а можеби и Кина, треба да бидат членки на Г7
Американскиот претседател Доналд Трамп денес на самитот на Г7 во Канада изјави дека Русија, а можеби и Кина, треба да бидат дел од таа организација, која потоа би станала Г8 или Г9.
Во интервју за новинарите, Трамп рече дека било „многу голема грешка“ да се исклучи Русија од таа група во 2014 година, откако таа го анектираше Крим, што, како што претходно рече американскиот претседател, беше потег што ја забрза пошироката руска инвазија на Украина во 2022 година, пренесува АП.
„Мислам дека немаше да имате војна сега ако Русија беше внатре, и немаше да имате војна сега ако Трамп беше претседател пред четири години. Ја исфрлија Русија, што тврдев дека е многу голема грешка, иако тогаш не бев во политиката“, рече Трамп.