Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДУИ: Долго време албанските граѓани се чувствуваат исклучени од правото на еднаков пристап до јавните информации што произлегуваат од државните институции
Македонија

ДУИ: Долго време албанските граѓани се чувствуваат исклучени од правото на еднаков пристап до јавните информации што произлегуваат од државните институции

17/06/2025

AA

Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради континуираното занемарување на употребата на албанскиот јазик во официјалната комуникација на Владата на Република Северна Македонија. Еднаквата употреба на службените јазици не е техничко прашање или политичка желба, туку законска обврска, вредност на соживотот и основа на демократскиот поредок, велат од ДУИ.

„Долго време албанските граѓани се чувствуваат исклучени од правото на еднаков пристап до јавните информации што произлегуваат од државните институции. Недостигот на албански јазик, преводи, задоцнети ажурирања и непотполни официјални веб-страници на албански јазик се јасен доказ за исклучувачки пристап што е спротивен на духот на Охридскиот договор и Законот за употреба на јазиците.

Уште позагрижувачки е намерниот селективен пристап: за други теми Владата реагира и информира, но кога станува збор за албанскиот јазик, одговорот е молк и игнорирање. Ова не е недостаток на капацитет, туку недостаток на волја.

ДУИ потсетува дека неспроведувањето на Законот за јазиците не е само прекршување на законот, туку и удар врз достоинството на албанските граѓани и го поткопува нивната доверба во институциите на државата. Јазичните права не се симболика, туку неразделив дел од граѓанските права.

Ги повикуваме институциите албанскиот јазик да го гледаат како заедничко богатство и обврска што ја зајакнува единственоста на државата. Еднаквоста, инклузијата и транспарентноста не смеат да останат само празни флоскули,  тие мора да се видат и почувствуваат во секојдневниот живот на секој граѓанин.

Ако оваа влада не е подготвена да го почитува еден од клучните столбови на нејзиното законско и уставно функционирање, тогаш таа го изгубила моралното право да води мултиетничка и европска држава.

ДУИ внимателно ќе го следи овој процес и ќе бара институционална одговорност за овој дискриминаторски пристап“, се вели во соопштението на ДУИ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy