
Трамп размислува да ja продаде или подари својaта „Тесла“
Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го продаде или подари својот автомобил „Тесла“, објави „Си-Би-Ес њуз“, повикувајќи се на висок функционер во Белата куќа.
Според „Би-Би-Си“, црвениот автомобил што Трамп го купил додека се обидувал да му помогне на Илон Маск да ја промовира својата компанија, со недели бил паркиран пред Белата куќа.