Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАЈКОВИЌ: Aко Србија стане членка на НАТО, прашањето за статусот на Косово ќе биде стопирано
Регион

ТРАЈКОВИЌ: Aко Србија стане членка на НАТО, прашањето за статусот на Косово ќе биде стопирано

26/06/2024

AA

„Компромисот“ на Вучевиќ е поделба на Косово, вели претседателката на Европското движење на Србите од Косово, Рада Трајковиќ. 

Таа изјави дека подготвеноста на Србија за компромиси за Косово може да значи само поделба на таа територија, но и конфликти. Трајковиќ за изјавата на премиерот Милош Вучевиќ дека Србија е „подготвена да направи компромиси“ за Косово, Трајковиќ за агенцијата Бета изјави дека ова е обид на властите во Белград да се вратат на своите „првични позиции“ со цел поделба на територијата.

„Меѓутоа, иако претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во основа  ги предаде на Приштина сите институции и животот на Србите, функционалноста на властите во Приштина не е реализирана. Пораките кои упатуваат на поделба на Косово предупредуваат на нова дестабилизација и кампања против Србија и Србите кои не ни требаат во овој момент“, рече таа.

Трајковиќ вели дека косовскиот премиер Албин Курти го контролира северот на Косово со помош на специјални полициски сили. Според неа, безбедноста на Косово секој ден се загрозува.

„Курти ја спроведува идеологијата за формирање на голема Албанија, додека Вучиќ преку Вучевиќ уште еднаш бара поделба на Косово. Сите знаат дека тоа не може да се постигне без конфликт. И двете од овие стратегии би можеле да предизвикаат конфликт кој би завршил со протерување на Србите од север или со влегување на нашите воени сили на северот на Косово во име на заштита на Србите“, рече Трајковиќ.

Таа додаде дека НАТО носи сè поголем број војници на Косово.

„НАТО не сака да ги менува границите на територијата. Доколку Србија стане членка на НАТО, прашањето за статусот на Косово ќе биде стопирано“, рече Трајковиќ.

Српскиот премиер Милош Вучевиќ вчера изјави дека Србија е „апсолутно подготвена да разговара со Приштина“ и да „направи компромиси“ за Косово.

Српскиот претседател Алекснадар Вучиќ изјави дека во Брисел имал соодветни билатерални средби со високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедност, Жозеп Борел и специјалниот пратеник на ЕУ, Мирослав Лајчак, но дека немало билатерална средба со косовскиот премиер Албин Курти, бидејќи Курти не сакал да се сретне со него.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy