Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД – еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција
Економија

ТРАЈЧЕ ЗАЕВ МУ ГИ ПРОДАДЕ СИТЕ СВОИ АКЦИИ ВО „ГЕРАС ЦУНЕВ“ НА СВОЈОТ БРАТУЧЕД – еве колку плати Вице Заев за струмичката конфекција

16/01/2025

AA

Трајче
Заев му ги продаде сите свои акции во двете струмички компании со предзнак „Герас Цунев“ на
својот братучед Вице Заев, кој, пак, како што е познато, е брат на поранешниот
премиер Зоран Заев. На овој начин Вице Заев, односно неговата компамнија ДГИ „Тотал“
од Струмица, станува речиси целосен сопственик и на „Герац Цунев Конфекција“ и
на „Герас Цунев Трговија“.

Берзата
ги објави двете решенија на Комисијата за хартии од вредност, со кои се
утврдуваат како успешни понудите дадени од „Тотал“ до сите преостанати
акционери на двете струмички компании, за нивно целосно преземање, а за кои тој
нудеше цена од 310 денари по акција.

Како
што е познато, Вице Заев преку својата компанија ДГИ „Тотал“ поседуваше и досега
прилично значајни проценти акции во двете компании.

Односно,
во „Герас Цунев Конфекција“ Тотал имаше 73,3 отсто од акциите, додека, пак, во
„Герас Цунев Трговија“ располагаше со 73,25 проценти. Додека, пак, неговиот
братучед Трајче Заев досега поседуваше 22,5 отсто од акциите во првата, и 22,14
отсто од акциите во втората компанија.

А,
покрај овие два големи акционери, уште 39 мали акционери физички лица, во
првата компанија поседувале заедно 2,59 отсто, а во втората 2,69 проценти.

Сега
Комисијата за хартии од вредност известува дека и во двете фирми со предзнак
Герас Цунев, односно и Конфекција и Трговија, понудите дадени од Тотал
Инжинеринг се успешни.

Имено,
за работите да станат појасни, треба да се каже дека Тотал инжинеринг, на 7
декември лани, им понуди на сите акционери на Герас Цунев Трговија да ги
дооткупи нивните преостанати 18.151 акција, по цена од 310 денари за акција. А,
како што објаснува Комисијата, оваа понуда ја прифатиле двајца акционери, кои
заедно поседуваат 16.258 акции или 23,91 отсто од капиталот. Тоа значи дека
понудата за продажба на своите акции ја прифатил Трајче Заев, кој имаше 22,5
отсто, и уште еден помал акционер од физичките лица, чии процент изнесувал 1,41
процент.

Додека,
пак, за Герас Цунев Трговија понудата беше за 18.373 акции, исто така по цена
од 310 денари за акција. А, да ги продадат своите акции исто така одлучија
двајца акционери, кои имаат вкупно 16.385 акции или 23,86 проценти, што значи
дека секако дека своите акции одлучил да ги продаде Трајче Заев, кој поседуваше
22,14 отсто од акциите, и уште еден помал акционер, кој располагал со 1,72
проценти.

Ова
исто така значи и дека Вице Заев има платено близу 82 илјади евра за акциите во
Герас Цунев Конфекција и безмалку 83 илјади евра за акциите на Герас Цунев
Трговија. Или вкупно 165 илјади евра. А, најголемиот дел од овие пари отидоа на
контото на неговиот братучед Трајче Заев, кој всушност ги продаде и најголемите
сопственички пакети.

За
оваа понуда немаше праг на успешност, и затоа понудата автоматски се прогласува
за успешна, а за неа доколку некој сака, ќе може да се жали во рок од 15 дена
од нејзиното објавување.

Ако
Тотал на Вице Заев сега има 73,3 отсто во Конфекција и ако со понудата за
преземање докупил уште 23,91 отсто од акциите, сега тој е практично сопственик
на 97,21 отсто од компанијата. Додека, пак, со претходно поседуваните 73,25
отсто во Герас Цунев Трговија и сега купените 23,86 отсто, Вице Заев ќе
располага со 97,11 проценти. Или практично тој ќе биде скоро целосен сопственик
на овие две струмички претпријатија.

Како
што веќе пишувавме во декември лани, цената од 310 денари која ја понуди Вице
Заев за откуп на сите слободни акции,
е всушност највисока годишна цена за таа акција постигната на
Македонската берза.

Инаку, треба да се каже и
дека Вице Заев е единствен и целосен
сопственик на ДГИ Тотал. Тотал, пак, стана сосптвеник на пакетите од по над 73 отсто во Герас Цунев Конфекција и Трговија во октомври минатата година. Тогаш практично Тотал Инженеринг ги купи уделите во двете
акционерерски друштва што ги имаа Снежана Јанева (околу 21,65 отсто) и
Јавор Транс (околу 23,3 отсто). 

Приходот на Герас Цунев Конфекција лани изнесувал 34.000 евра, а на Трговија 74.000 евра.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy