Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тошковски: Расветливме седум убиства, меѓу кои и тоа во „Шиша бар“
Магазин

Тошковски: Расветливме седум убиства, меѓу кои и тоа во „Шиша бар“

16/12/2024

AA

 

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска  информираше дека Одделот за сузбивање на организиран криминал и специјалната полиција по повеќемесечно истражување, спровеле акција во која е сузбиена 18-члена криминална група, составена од лица од Скопје кои подолг временски период биле инволвирани во вршење на кривични дела од областа на насилен криминал и трговија со оружје. Според министерот, со акцијата се расветлени дури седум убиства, од кои како што нагласи само едно се случило во неговиот мандат.

Во рацијата се извршени претреси кај 26 лица на вкупно 30 локации, од кои 28 на подрачје на Скопје и две на подрачје на Велес. Досега е пронајдено огнено оружје, друга опрема, панцири и над 30 милиони денари во различни апоени кај осомничените. Одземени се и пет оклопни возила, накит, мобилни телефони, часовници, ресивери…

„Поднесена е кривична пријава против 18 лица од Скопје за убиство и обид за убиство кои се извршени во последните години, меѓу кои и убиството во ‘Шиша бар’ кое предизвика голема вознемиреност кај македонската јавност. Има и кривична пријава за изнуда и злосторничко здружување. Дел од пријавените во 2020 година создала група која имала за цел вршење на кривични дела убиства. Подготвувале планови и носеле одлуки за тоа кои, кога, каде и на каков начин ќе биде лишен од живот, а одлуките ги спроведувале лично или преку припадници на криминалната група кои ги прифаќале и спроведувале. Договорите биле пренесувани во непосредни контакти или преку телефон“, кажа Тошковски на прес-конференција.

Споменатото двојно убиство се случи на 6 март 2023 година, а напаѓачите влегле во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија и биле облечени во црна облека налик на униформа по што повикале дека станува збор за полициска рација. Кога ги нашле „таргетите” почнале да пукаат во нив и избегале. На лице место се убиени Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени.

Некои од обвинетите се избегани, четири се во притвор, а некои веќе одржуваат затворски казни.  

Тошкоски соопшти исто така дека по другата полициска акција МВР поднела кривична пријава против четири лица за терористичка организација. Првиот создал терористичко-злосторничка организација во која членуваат другите пријавени и уште неколку засега непознати лица, со основи на идеолошката матрица на ИСИС со намера на изведување на терористички акт на цивилни или меки цели, односно јавни објекти на територија на Македонија. За оставрување на таа намера првопријавениот формирал повеќе групи на Телеграм во која спроведувал претходно набавен и преведен материјал на ИСИС и регрутирал нови членови, пробал да набави оружје и експлозивни направи кои планирале да ги користат за вршење на терористички напади. По извршен претрес пронајдени одземени се пиштол два лаптопа, два телефони доставени до ОЈО.

По извршената анализа на доказите било  утврдено дека истиот формира и координира активности како војник на ИСИС за медиумска промоција и заштита на терористичката организација со намена на албанско говорно подрачје. На 15-ти извршен е претрес во дом и други простории и кај останатите приведени, каде се пронајдени и одземени разни материјали, хартии со натписи на арапски и албански јазик, прстен со амблем на ИСИС итн. Одредена е мерка притвор во траење од 30 дена.

„Не знам како не сфаќаат. Секој што сторил криминал ќе одговара, без разлика дали бил премиер, вицепремиер, криминалец или нешто друго“, порача Тошковски.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45332
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови од градот

29/08/2026

Големо невреме со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и покрупен град се движи северозападно од Куманово. Постои можност невремето да

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy