Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТОА ЗАСЕГА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Евакуација од Судан бараат 23 српски државјани
Регион

ТОА ЗАСЕГА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Евакуација од Судан бараат 23 српски државјани

20/04/2023

AA

Срби се „заглавени“ во Судан каде има воени дејствија. Евакуација од Судан бараат 23 српски државјани, а шансите за нивно извлекување се еднакви на нула. Тие сакаат да избегаат од главниот град Картум. Таму не е безбедно, а договореното примирје не се почитува. 

„Од каде да се евакуираат? На тој аеродром нема каде да се слета. Се пука насекаде. Три пати објавуваат примирје до кое не се придржуваат“, вели почесниот конзул на Србија во Судан, Ахмед Муфти за Н1. 

Рече дека засега нивното извлекување е невозможна мисија. 

„Ги разгледуваме сите можности да ги евакуираме нашите државјани во соработка со другите амбасади и дипломатски претставништва. Во контакт сме со Обединетите нации, Европската Унија, за кога тие ќе го евакуираат својот персонал, да бидеме вклучени и ние“, изјави почесниот конзул.

Аеродромот во Картум е целосно уништен и кон него се пука веќе петти ден. Муфти објаснува дека странците, меѓу кои и српските државјани, генерално живеат во околината на аеродромот кој се наоѓа во центарот на градот. Нема ниту вода ниту струја, а се трошат и резервите со храна, но и горивото за генераторите за струја.

Жестоките борби во Судан се водат меѓу суданската армија, на чие чело е генералот Абдел Фатах ал-Бурхан и паравоените сили за брза поддршка (РСФ), предводени од генералот Мохамед Хамдан Дагало. Двајцата генерали претходно ги здружија силите за да го соборат диктаторот Омар Хасан ал-Башир во 2019 година.

Силите за брза поддршка и суданската војска се натпреваруваат за моќ додека политичките фракции преговараат за формирање преодна влада по воениот удар во 2021 година. По соборувањето на Ал-Башир со Судан управува Советот на генерали. Во судирите досега загинаа 330 луѓе. Алтернативниот грчки министер за надворешни работи Милтијадис Варвициотис призна дека владата на Нова демократија дала дозвола за извоз на нелегалниот шпионски софтвер „Предатор“ во Судан, кој сега се соочува со граѓанска војна. 

Фото: EPA-EFE/SATELLITE IMAGE 2023 MAXAR TECHNOLOGIES

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy