Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ТОЈ Е МНОГУ ГЛУПАВА ЛИЧНОСТ…“ На Трамп не му се допаѓа ставот на Бајден, еве што мисли екс американскиот претседател за ситуацијата на Блискиот Исток
Македонија

„ТОЈ Е МНОГУ ГЛУПАВА ЛИЧНОСТ…“ На Трамп не му се допаѓа ставот на Бајден, еве што мисли екс американскиот претседател за ситуацијата на Блискиот Исток

25/03/2024

AA

РЕПУБЛИКАНСКИОТ американски претседателски кандидат Доналд Трамп ја поддржа израелската војна против Хамас и рече дека ќе реагира на ист начин како Израел по нападот на 7 октомври.

Тој, сепак, додаде дека Израел мора да ја прекине војната во Појасот Газа бидејќи ја губи меѓународната поддршка поради сликите кои доаѓаат од таму, објави денеска израелскиот дневен весник „Израел Хајом“.

– Убиствената кампања на Хамас на југот на Израел е една од најтажните работи што сум ги видел. Сега, кога го кажав тоа, велам и дека Израел мора да стави крај на таа војна – рече Трамп.

Тој жестоко го критикуваше американскиот претседател Џозеф Бајден за начинот на кој се однесува кон Израел, дури и обвинувајќи го за војната во Појасот Газа.

– Не може да зборува. Тој е многу глупава личност. Неговата надворешна политика 50 години беше ужасна. Ако ги прашате луѓето кои биле со него во други администрации, ќе ви кажат дека тој е слаб, неефикасен претседател. „Хамас никогаш немаше да го изведе тој напад доколку јас бев претседател“, рече Трамп.

Говорејќи за израелски дневен весник од неговиот дом во Флорида, тој исто така го изрази своето разочарување од Евреите кои не го поддржуваат, велејќи дека „го мразат Израел“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките

21/08/2026
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45151
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy