Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИТЕ МИСЛЕЊЕТО ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Мицкоски му одговори на Реџепи за правосудниот испит
Македонија

ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИТЕ МИСЛЕЊЕТО ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Мицкоски му одговори на Реџепи за правосудниот испит

26/11/2026

AA

ицкоски за правосудниот испит: Доставивме предлог до Венецијанска и се чека нивното мислење кое е задолжително за преговорите со ЕУ, претходно 20 години никој не барал решение

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања во врска со полагањето на правосудниот испит истакна дека се чека мислењето од Венецијанската комисија бидејќи врз основа на тоа мислење треба понатаму да се постапува затоа што мислењето на комисијата треба да се почитува согласно преговарачкиот процес за ЕУ, воедно изрази жалење што никој во изминатите 20 години претходно не сакал да најде решение за ова прашање.

– Она што е доставено до Венецијанската комисија е материјал во форма на закон за кој бараме мислење и чекаме Венецијанската комисија да даде мислење. Откако тоа мислење ќе биде готово, тогаш ќе носиме одлука што понатаму, но прво да го сочекаме мислењето на Венецијанската комисија, затоа што не знаеме дали ќе се најде законот во Собрание ако мислењето е негативно. Тогаш ќе треба и вие да го прифатите – изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Скендер Реџепи од партијата Алтернатива.

Премиерот Мицкоски додаде дека доколку мислењето на Венецијанска комисија е позитивно врз основа на предлогот, тогаш ќе треба да го прифатат сите вклучително и пратеникот Скендер Реџепи, бидејќи не сака да верува дека современ пратеник не сака да почитува мислење на Венецијанска комисија која е дел од преговарачкиот процес и критериумите кои се дел од француската методологија од 2019 година.

– Да почекаме што ќе биде мислењето и потоа да носиме одлуки што ќе биде понатаму Досега процесот се водеше многу транспарентно, јас жалам што повеќе од 20 години во кои имало разни министри од различна етничка припадност, од различна политичка припадност не успеале да го поместат ова прашање, па дури и откако е донесен Законот за употреба на јазиците. Но еве сега дојде време за да разгледуваме некое решение, но за да дојде пред пратениците и истото го браниме заедно со министерот за правда, ние ќе треба да го почекаме најпрвин мислењето од Венецијанска комисија – нагласи премиерот Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ ТРЕБА ДА ГО ПРИФАТИТЕ МИСЛЕЊЕТО ОД ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА Мицкоски

26/11/2026
Македонија

ОХРИД И СТРУГА ПОД ЗАСИЛЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ГОСТИ

26/11/2026
Македонија

МПЦ-ОА ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА ПРЕПОЗНААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Црквата

26/11/2026
Македонија

НАСТАВНИК НАПАДНАЛ УЧЕНИК Инцидентот се случил во дебарско село

26/11/2026
Македонија

АЛЕКСАНДАР ЧУПИЌ ДОАЃА ВО ОХРИД НА САМИТОТ БРДО-БРИОНИ Тоа му

26/11/2026
Македонија

МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА СЕ ПОЖАЛИЈА ПРЕД ООН Изложени се на

26/11/2026
Македонија

ЗА ПЕНЗИИ ВО 2027 ГОДИНА СЕ ПЛАНИРАНИ 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

26/11/2026
Македонија

163 ПРИТВОРИ ЗА ОСОМНИЧЕНИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ГОДИНАВА, ЛАНИ БИЛЕ

25/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46940
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ОХРИД И СТРУГА ПОД ЗАСИЛЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ГОСТИ Полицијата апелира возилата да се

26/11/2026

Поради претстојниот состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, што денеска и утре ќе се одржи во Охрид,

МПЦ-ОА ЌЕ ГИ ЕДУЦИРА СВЕШТЕНИЦИТЕ ДА ПРЕПОЗНААТ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Црквата ги осуди сите облици на

26/11/2026

Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) најостро ги осудува сите облици на

НАСТАВНИК НАПАДНАЛ УЧЕНИК Инцидентот се случил во дебарско село

26/11/2026

Наставник физички нападнал ученик во училиште во дебарско село, соопшти полицијата. Настанот бил пријавен во ОВР Дебар на 25.11.2026 во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy