Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: СДСМ има најголем коалициски капацитет, Пендаровски повторно ќе биде Претседател на државата
Македонија

Ковачевски: СДСМ има најголем коалициски капацитет, Пендаровски повторно ќе биде Претседател на државата

25/03/2024

AA

„СДСМ има најголем коалициски потенцијал за претстојните парламентарни избори. Верувам дека оваа коалиција повторно ќе победи на изборите, ќе формира Влада со која ќе станеме членка на Европската Унија, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател на државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју на вестите на Македонската радио телевизија (МРТ).

„Стожерните коалициски партнери на нашата партија како ЛДП, НСДП, ДОМ, партијата за движење на Турците ТКП и низа други партии остануваат во коалиција со СДСМ. Таа одлука за коалицирање со нив е веќе донесена. Со тоа СДСМ ја задржа главната контура на коалицијата, а тоа се партиите кои навистина се оригинални во македонскиот политички простор, коишто не се деривати на одредени политички партии и коишто имаат вистински заложби во заедничката програма до кои се придржуваат“, рече Ковачевски.

Лидерот на СДСМ истакна дека Стево Пендаровски е победнички кандидат на претседателските избори затоа што во изминатите пет години докажа дека има исклучително висок професионален капацитет и интегритет да носи независни одлуки.

„Тој нема направено ниту една стратешка грешка и ги третираше сите граѓани подеднакво без разлика на нивното потекло или определба по која било основа. Тој е кандидат којшто е поддржан не само од политички партии туку и од граѓански организации, поединци, здруженија што можеше да се види и по неговото кандидирање. Од друга страна имаме претседателски кандидат кој е продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ што се потврди со онаа драма со собирањето потписи. Прво тврдеа дека собрале 28.000 потписи за не знам колку часа за на крај да се испостави дека потписите им биле фалсификувани, дуплирани и не можеа да ги поднесат во ДИК. Затоа нивниот кандидат е типичен партиски кандидат на ВМРО ДПМНЕ кој проба со фалсификат да обезбеди потписи“, истакна Ковачевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84

21/08/2026
Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките

21/08/2026
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45152
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Месечно за живот во изнајмен стан се потребни над 84 илјади

21/08/2026

На едно просечно домаќинство му се потребни сè повеќе средства за да ги покрие основните месечни трошоци. Синдикалната минимална кошница

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките на Пелистер

21/08/2026

Дивечот во НП Пелистер после интензивираните активности на ренџерската служба се почесто можи да се забележи во неговите живеалишта во

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy