Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ Клековски апелира за данок на шеќерот и за лична одговорност кон здравјето
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ Клековски апелира за данок на шеќерот и за лична одговорност кон здравјето

13/11/2026

AA

Бројот на заболени од дијабетес се зголемува, а раната дијагноза на дијабетесот, редовното мерење на шеќерот во крвта, редовното земање терапија и современиот третман, како и здравиот начин на исхрана и физичката активност, се клучни за спречување на компликациите од болеста.

– Во државата има 135.000 лица со дијабетес, од кои 4.000 се со тип 1 и речиси за 40.000 се смета дека имаат дијабетес, а немаат поставена дијагноза. Дијабетесот е хронична болест, која зазема пандемиски размери. Меѓународната федерација за дијабетес излезе со бројки дека 693 милиони луѓе во светот го имаат ова заболување. ​Речиси 43 отсто од лицата со дијабетес не знаат дека ја имаат оваа хронична болест. Според податоците, приближно 50 отсто од компликациите кај дијабетес тип 2 веќе се присутни при поставување на дијагнозата. Значи, се задоцнува со поставувањето на дијагноза – изјави на прес-конференција директорот на Универзитетската клиника за ендокринологија, проф. д-р Ирфан Ахмети, по повод одбележувањето на 14 Ноември, Светскиот ден на дијабетесот, под мотото „Рана акција за дијабетес“.

На прес-конфернецијата беше истакнато дека 800 лица до 25-годишна возраст имаат дијабетес, од кои 350 се деца.

Д-р Ахмети апелира да се направат редовни скрининзи, односно вклучување на сите системи во раната дијагноза, со цел спречување на компликациите како на големите така и на малите крвни садови. ​Дијабетот тип 2, посочи тој, на почетокот, доколку нема високи вредности на шеќер во крвта, нема симптоми и го нарекуваме таен убиец затоа што симптомите и знаците не секогаш се присутни.

Обезноста е еден од главните ризик-фактори за појава на дијабетес и треба навреме да се третира за да се спречи преддијабетесот, односно дијабетесот како хронична компликација. За важноста на скринингот и навременото откривање на дијабетесот покажува и вчерашниот скрининг кај нашата популацијата, инициран од Македонската медицинска асоцијација на студентите, во кој учествуваа 135 лица. Забележано е дека кај 16 отсто од лицата, на кои им било извршено мерење гликемија во крвта, е поставена дијагноза дијабетес, а тие не знаеле дека го имаат, додаде проф. д-р Ахмети и упати апел до граѓаните да не чекаат да се појават симптомите на дијабетесот, да прават скрининг на гликемијата кај матичниот лекар и да се едуцираат за ризик-факторите. ​

Претседателката на Здружението на ендокринологите и дијабетолозите на Македонија, проф. д-р Миленковиќ, рече дека превенцијата и подигањето на општата здравствена свест се најважни за рано откривање, ран третман и давање на потребната помош на пациентите со дијабетес.

– Многу се важни и соодветната терапија и контролата, односно самоконтрола на сите луѓе со дијабетес. Пристапноста до технологиите, кои драматично го промениле животот, особено на пациентите со тип 1 дијабетес, па и на тип 2 дијабетес, и пристапноста кон терапиите, кои не само што го лекуваат дијабетот туку ги спречуваат и компликациите, не треба да биде привилегија само на одреден број пациенти, туку на сите оние на кои им се потребни. ​Раната превенција, свесноста за дијабетесот, компликациите и за сè она што тој претставува во нашиот општествен и здравствен систем е начин на кој можеме да им помогнеме на сите луѓе со дијабетес да го намалат сопствениот товар од заболувањето, товарот на нивните општества, меѓутоа на тој начин ќе го намалиме и товарот на нашиот здравствен медицински систем и на целото општество – истакна проф. д-р Миленковиќ и додаде дека потребна е акција сега бидејќи бројот на дијабетичари постојано се зголемува.

На прес-конференцијата присуствуваше и министерот за здравство Сашо Клековски, кој истакна дека во однос на превенцијата ќе мора да постигнеме општествена согласност за работите што се поврзани со нездрав начин на живеење, кои влијаат на дијабетесот, а тоа се исхраната и физичката активност.

– Светската здравствена организација вели дека без 30 минути физичка активност дневно, без елиминација на пушењето, алкохолот и без соодветна исхрана не можеме да очекуваме здравје, не можеме да очекуваме одржливост на здравствените системи. ​Неколкупати претходно во однос на здравјето ги пласирам идеите за забрана на, условно да кажам, продажба на брза храна во училишните згради и во просториите на училиштата, активности за воведување здрава и свежа храна во училиштата, поттикнување активности, како слоу фуд училишни градини, за младите, децата, учениците од рана возраст да се навикнуваат на таков тип на исхрана и, конечно, да се приклучиме на 110 земји кои имаат воведено данок на додаден шеќер во пијалаците. Во Македонија пијалакот „фанта“ има трипати повеќе шеќер отколку истиот пијалак во Словенија – изјави Клековски.

Тој посочи дека данокот треба да ги поттикне производителите или да го платат или да ја променат формулата и да го намалат процентот на шеќер во пијалаците.

– За ова треба општествен консензус. Јас сум начелно противник на казни, забрани, бидејќи во основа ефектите без јакнење на јавната свест се многу минорни. Оваа тема треба да ја зборуваме сè почесто. Втората тема е раното откривање. Треба да се размислува како систематските прегледи ќе се ставаат во функција на раното откривање. Имаме стотици илјади систематски прегледи годишно на популација која е работоспособна, која би влегувала во некои од демографиите со ризик. Мислам дека тоа треба да го уредиме со Министерството за економија и со измените во Законот за медицинската евиденција. ​Значи, не е доволно само да има систематски прегледи, мора резултатите од тие прегледи да се вклучат во единствената здравствена евиденција – рече Клековски.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека не може сите да ги третираат со „оземпик“ и дека некој ќе треба да направи 8.000 чекори дневно и да ја промени исхраната.

– Мора да зборуваме и за личната одговорност. Не може, од една страна, да очекуваме да живееме нездраво, од друга, да бараме одговорност од државата да ги неутрализира тие нездрави начини на живеење. Значи, мораме да говориме за ова колку и да е непопуларно. Не може државата да преземе обврска за демографија што старее нездраво, а истовремено нема кој да придонесува на приходната страна. Секој треба да биде свесен за ризикот – додаде Клековски.

.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

350 ДЕЦА ОД МАКЕДОНИЈА ИМААТ ДИЈАБЕТЕС, ВКУПНО ИМА 135.000 ЗАБОЛЕНИ

13/11/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ

13/11/2026
Македонија

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за

13/11/2026
Македонија

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница

13/11/2026
Македонија

ДА СЕ ЗАБРАНИ „ЏАНК“ ХРАНА ВО УЧИЛИШТАТА, ДА СЕ ОДАНОЧАТ

13/11/2026
Македонија

„ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ЕВИДЕНТИРА КРИВИЧНО ДЕЛО? СО ТЕФТЕР!“ Тошковски

13/11/2026
Македонија

ТРАКТОР СЕ ОТКОЧИЛ И ГО ПРЕГАЗИЛ СОПСТВЕНИКОТ Трагедија на бензинска

13/11/2026
Македонија

НЕ ПОСТОИ ТАКОВ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ КОЈШТО ВО ЦЕЛОСТ СЕ ПОЛАГА

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46762
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСТИТУЦИИТЕ МОРА ДА СЕ ОТПОРНИ И ДА ГИ ПРЕЖИВУВААТ ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОМЕНИ Уставниот суд има клучна

13/11/2026

  Уставното судство има клучна улога во заштитата на уставниот поредок, основните права и слободи, како и во воспоставувањето функционален

ОПОЗИЦИСКИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА ЌЕ БИДАТ ПОВТОРЕНИ Гаши порача дека за секој проблем може да се

13/11/2026

Собранието ќе ги повтори опозициските прашања во рамки на 130. пленарна седница, се согласиле координаторите на пратеничките групи, соопшти попладнево

АВТОМОБИЛ УДРИ 73-ГОДИШНА ЖЕНА НА ВЕЛОСИПЕД Пренесена е во болница со тешки повреди

13/11/2026

Во СВР Охрид вчера е пријавено дека на сервисна улица во поранешниот комплекс „ОТЕКС“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy