![Тепко: Од Фукушима истекоа 5.500 литри радиоактивна вода](https://novina.mk/wp-content/uploads/2024/02/fukusima-jpg.webp)
Тепко: Од Фукушима истекоа 5.500 литри радиоактивна вода
Околу 5.500 литри загадена радиоактивна вода истекоа во животната средина од оштетената јапонска нуклеарна централа Фукушима пред да биде третирана во средата, но тоа не предизвика „забележително“ зголемување на радиоактивноста во животната средина, соопшти денеска Тепко, која управува со централата. .
Компанијата тврди дека не е откриена трага од контаминација надвор од локацијата, објави Фигаро.
Протекувањето било запрено дваесетина минути откако во средата наутро бил откриен од работник, велат од Тепко.