Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА НЕМА УСТАВЕН ОСНОВ И КАЈ НАС Е ПРЕМНОГУ ПАРТИСКА Време е за реформи, не за предвремени избори
Македонија

ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА НЕМА УСТАВЕН ОСНОВ И КАЈ НАС Е ПРЕМНОГУ ПАРТИСКА Време е за реформи, не за предвремени избори

16/01/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели дека е добро лидерите на партиите понекогаш да се сретнат отколку да разговараат со посредници. Оценува дека по неодамнешната лидерска средба сите „биле релаксирани и уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар“, но оти таму требало да биде и лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

Време според неа лидерите да седнат и да креираат решенија за Изборниот законик, но не на крајот на мандатот, туку на почетокот и не само за изборната единица.

Сиљановска Давкова вечерва во гостување на ТВ Сител се осврна на темите од лидерската средба и оцени дека техничката влада што функционира пред изборите во државава за која се разговараше на лидерската средба е препартиска и нема уставен основ. Смета дека не е добро сега да има предвремени парламентарни избори бидејќи, посочува, имаме многу сериозни проблеми почнати за извршување и оти е добро да се завршат некои од нив.

– Како професорка како и многу други мои колеги би рекла дека лидерските средби ги јакнат лидерите, но ги слабеат институциите, но во поделено општество како што е нашето и во рамки на консоцијативната демократија што ја вградивме не само во праксата туку и во Уставот добро е понекогаш да се сретнат. Многу подобро одошто да разговараат со посредници, амбиентот е поинаков, луѓето се однесуваат поинаку. И тогаш кога се надвор од очите на јавноста успеваат да бидат поприродни. Резулатот го видовме, сите беа релаксирани уверени дека следниот чекор ќе биде уште подобар. Мислам дека недостигаше и требаше таму да биде лидерот на опозицијата Венко Филипче – рече Сиљановска Давкова.

Неучеството на Филипче претседателката го гледа „како негова грешка“ затоа што, посочи, „доби покана“.

– Подобро е да седнете некого, да чуете, подобро е да ги чуете и другите па да дадете изјава – наведе претседателката.

Прашана за став дали е за укинување на техничката Влада рече дека „имаме препартиска изборна влада во која седат најоданите партиски луѓе, која и покрај тоа што функционира нема уставен основ“.

– Да, постојат технички влади, тие се формираат или во амбиент на кризи, пред избори, редовно се или експертски, составени од професори, на чело на Владата е експерт или бирократи. Нашата влада се вика техничка, но нема ништо техничко во неа. Техничкото секогаш се врзува за стручност и комптенетност а никогаш не за партиска припадност. Ние имаме препартиска изборна влада, морам да кажам дека и покрај тоа што функционира нема уставен основ. Во Уставот во делот за влада нема да најдете никаде дека има преодна или техничка влада. Кога реков препартиска мислев на структурата, обично внатре седат најоданите партиски луѓе и она што ја прави интересна за проучување и за критика, зборувам во рамките на уставното право и политичкиот систем се некои чудни функции од типот на дополнителни заменици министри, дополнителни министри со некои чудни овластувања да имаат право на вето, рече претседателката.

Според неа, во техничката влада, „чудна надлежност има и Државната изборна комисија кога се работа за спорови врзани со финансиите“, а посочи и дека таа влада временски е ограничена, но оти и покрај тоа се применуваше неколку пати и не дојде на ред на Уставниот суд.

– Мене ми е позната реториката на сите партии, сите па и СДСМ и неговите лидери ги помнам како велеа дека треа да се укине техничката влада – дополни претседателката Сиљановска Давкова.

Таа порача дека е време да се креираат решенија во однос на измените на Изборниот законик за што се разговараше на лидерската средба.

Битна измена во случајов, вели дека, би била околу начинот на трансформирање на добиените гласови во мандати и како ќе ја третирам државата – како една изборна единица или како поделена.

Како што посочи, вредноста на една изборна единица е еднаквоста на гласот, а општите интереси ќе дојдат до израз.

– Опасноста е да не стане центарот, бастионот, тврдината која за се одлучува затоа што сме за една изборна едница. Но, ако има согласност, таа согласност беше дадена уште во 2016 година и потоа беше заборавена. Време е да седнат, уште една причина да седнат заедно и да креираат решенија, не на крајот на мандатот, туку на почетокот на мандатот. Не е само изборната единица, туку се и бројот на потписите што треба да се соберат за да може да има независни листи, тука е финасирањето, рекламирањето, препораките и на ОБСЕ и Венецијанска комисија и мисла дека тоа може да биде добра подготовка з анекои избори – рече Сиљановска Давкова.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
Македонија

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен

11/09/2026
Македонија

Повеќе од дваесет дуќани изгореа во пожар во Шуто Оризари

11/09/2026
Македонија

Бројот на автомобили за 10 години пораснал за 60 отсто,

11/09/2026
Македонија

Пронајден и казнет мажот кој фрлаше ѓубре во Радика

11/09/2026
Македонија

Јакимовски сè уште е во „Шутка“, ја чека писмената одлука

11/09/2026
Македонија

Екс директорката Асани оди во куќен притвор, продолжува истрагата за

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45637
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани „Ц“ и „Д“ категории

11/09/2026

Повеќе локации низ земјава денеска се предмет на полициски претреси во рамки на координирана акција на Министерството за внатрешни работи,

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат

11/09/2026

Одлуките на Врховниот суд за укинување на пресудата за случајот „Ласкарци“, како и за предметот против Стевчо Јакимовски, предизвикаа остра

Промена на времето: Во сабота дожд, грмежи и засилен северен ветер

11/09/2026

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy