Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж
Економија

ТАВ Македонија и Меѓународниот Аеродром Скопје не продаваат изгубен багаж

23/01/2025

AA

ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и Aеродромот Св. Апостол Павле Охрид, ја известува и предупредува јавноста за лажни страници и профили на социјалните мрежи преку кои наводно се продава изгубен багаж на аеродромот

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, сака да ја информира, а истовремено да ја предупреди јавноста дека, за жал, има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром Скопје.

Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот Aеродром Скопје, односно аеродромскиот оператор ТАВ Македонија, а понатаму, корисниците се пренасочуваат на линкови до веб-страници, каде што се бараат лични податоци и детали од банкарски сметки со цел да бидат измамени да направат трансакција.

Затоа, апелираме до јавноста да бидат внимателни додека се онлајн, особено кога се бара да ги вметнат своите лични податоци и детали за трансакциски сметки, кои може дополнително да бидат злоупотребени.

Како сериозна и одговорна компанија која се грижи за своите клиенти, ТАВ Македонија ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед, особено затоа што во аеродромската дејност изгубениот багаж им се враќа на сопствениците согласно утврдена процедура, односно со изгубениот багаж никогаш не се тргува.

Дополнително, ја потсетуваме јавноста дека сите официјални информации и новости во врска со и за Меѓународниот аеродром Скопје може да се најдат на веб-страницата на Меѓународниот аеродром Скопје https://skp.airports.com.mk/mk-MK/; како и на нашите страници на социјалните мрежи:

Фејсбук-страница: https://www.facebook.com/SkopjeAirport;

Инстаграм страница: https://www.instagram.com/skopjeairport/; и

Твитер страница (X): https://x.com/skopjeairport

Сите други веб-страници и страници на социјалните мрежи на кои луѓето може да наидат, лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот аеродром Скопје и дејноста на ТАВ Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026
Македонија

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското

02/09/2026
Македонија

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026
Македонија

ВИДЕО Хозе Карерас ја пееше „Едно име имаме“ со македонските

01/09/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ ШТИПСКО СЕЛЦЕ ПОД КОНТРОЛА: Ветерот ги загрози викендиците,

01/09/2026
Македонија

ОЈО Скопје бара притвор за 19-годишник: Со нож избодел дете

01/09/2026
Македонија

Кој ќе одговара за хаосот во Маџир Маало? Две бомби

01/09/2026
Македонија

Обвинителството објави прислушувани разговори за судијата Ѓоко Ристов

01/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45388
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австралија со предупредување за патување во Македонија поради Западнонилската треска

02/09/2026

Австралија ги предупредува своите граѓани кои планираат патување во Македонија да преземат дополнителни мерки за заштита од комарци поради регистрираните

Запленети 4.000 метри мрежи и 117 килограми риба од Охридското Езеро

02/09/2026

На 01.09.2026, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во водите на Охридското езеро извршија акциски контроли

Поскапеа меѓуградските автобуски билети

02/09/2026

Меѓуградскиот автобуски превоз во Македонија повторно поскапува, што дополнително ќе го оптовари буџетот на граѓаните кои секојдневно патуваат меѓу градовите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy