ПРИВЕДЕН ДРАГАН ПЕТРОВСКИ – ШТУКА Осомничен е како организатор на група која вршела насилство и уцени во Кумановско
Драган Петровски – Штука е меѓу приведените во денешната полициска акција во Куманово.
Според објавените информации, Петровски е осомничен дека бил организатор на групата која подолг период дејствувала на кумановското подрачје користејќи насилство, закани и уцени. Нејзините активности, според сознанијата на истрагата, опфаќале изнуда, лихварство, перење пари, како и перење други приноси од казниви дела.
Оваа криминална група покрај Штука, ја сочинуваат и Зоран Ристик, Марко Крстевски, Ласте Крстевски, Даниел Живачки, сите од Куманово.
Во рамките на акцијата се вршат проверки на повеќе локации поврзани со осомничените. Под лупа на истражните органи се и нотарска канцеларија и менувачница, каде што се проверуваат можни поврзаности со криминалните активности што се предмет на истрагата. При досегашните претреси биле пронајдени пари, возила и документација.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека координира дејствија на полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР. Врз основа на наредби обезбедени од надлежното јавно обвинителство се вршат повеќе претреси за обезбедување докази во врска со кривични дела „изнуда“, „перење пари и други приноси од казниво дело“ и „несовесно работење во службата“. По целосно завршување на акцијата Обвинителството ќе ја извести јавноста.
.
Извор: plusinfo.mk