Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТАВ АЕРОДРОМИ: Продолжува порастот на бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром, зголемување од 6% на бројот на патници и 3% на бројот на летови во првите девет месеци
Македонија

ТАВ АЕРОДРОМИ: Продолжува порастот на бројот на патници на скопскиот и охридскиот аеродром, зголемување од 6% на бројот на патници и 3% на бројот на летови во првите девет месеци

17/10/2025

AA

Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид во првите девет месеци опслужиле вкупно 2.585.096 патници што е зголемување од 6% во однос на истиот период, минатата година.

Бројот на летови пак, во истиот временски период е зголемен за 3% односно двата аеродроми опслужиле 20.141 летови од почетокот на годината до септември.

„Во првите девет месеци од годината ТАВ Македонија го одржа позитивниот тренд на раст и стабилност, со што уште еднаш ја потврдивме успешноста на нашата долгорочна стратегија. Овие резултати не се случајни, тие се резултат на внимателно планирање и континуирана посветеност кон подобрување на услугите на двата македонски аеродроми.

За овој константен позитивен тренд на раст на бројките за овие 9 месеци во голема мера влијаеа новоотворените 8 линии од двата ародроми на почетокот на годинава, во соработка со авикомпаниите и Владата.

Убеден сум дека стабилниот раст ќе продолжи и до крајот на годината затоа што во наредниот период ќе стартуваат 7 нови авио-поврзувања на земјава преку авиокомпанијата Виз ер и тоа од Скопје до Бари и Стокхолм, преку летовите кои ќе почнат на 27 октомври, а истиот ден ќе започне и авиорутата од Охрид до Базел. Ден подоцна, на 28 октомври главниот град се поврзува со Мадрид и Ларнака и потоа, а од 15 декември, и со Прага и Келн. Дополнително, од 3 ноември Easyјet повторно ќе го поврзе Скопје со Женева.

Очекувам голем број на патници да привлечат и новите летови кои се веќе најавени за идната година и тоа од Скопје до Будимпешта и до Неапол кои ќе почнат од 30 март 2026 година и од Охрид, до Милано на 30 март, Вроцлав на 07 јуни и Катовице од 8 јуни.

Оттука, сакам да посочам дека и во наредниот период ТАВ Македонија ќе продолжи да работи во насока на отворање на нови авиолинии и влез на нови авио-компании и на уште подобра поврзаност на Македонија со светот, вели Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Според статистиката на ТАВ Македонија, само во септември двата македонски аеродроми опслужиле 329.523 патници, што е 8% повеќе споредено со истиот период минатата година, а биле реализирани 2.422 летови што е за 1% повеќе од лани.

Стабилниот пораст во првите 9 месеци го докажува и дневниот пресек на патници. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужувал 8,687 патници што е за 5,7% повеќе од лани, а преку охридскиот, дневно патувале 767 патници што е за 16.3% повеќе споредено со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродроми за периодот од јанури до септември покажуваат дека преку Меѓународниот Аеродром Скопје патувале 2.375.264 што е за 5,4% повеќе од лани, а додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 16,2% со услужени 209.832 патници.

Истанбул повторно е најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,9% пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,1%), Франкфурт (5,7%), Цирих (4,6%), Виена (4,2%), Минхен – Меминген (4,1%) и Дортмунд (4,1%).

Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Турција (25,1% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Германија (24,7%), Швајцарија (10,9%), Италија (5,2%) и Австрија(4,4%).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy