Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕУ ОДОБРИ НОВА ТРАНША ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ: За Македонија 16 милиони евра, но исполнети само 4 од 9 пријавени реформи
Македонија

ЕУ ОДОБРИ НОВА ТРАНША ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ: За Македонија 16 милиони евра, но исполнети само 4 од 9 пријавени реформи

17/10/2025

AA

Европската Унија ја одобри втората транша средства за Северна Македонија од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со што се ослободува вкупен нето износ од 16 милиони евра. Одлуката, која е признание за дел од спроведените реформи, сепак доаѓа по оценката на Европската комисија дека земјата задоволително исполнила само четири од деветте чекори што ги пријавила како реализирани до јуни 2025 година.
​

Од одобрената сума, 7,4 милиони евра ќе бидат исплатени директно во државниот буџет, додека остатокот е наменет за финансирање на инфраструктурни проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Вкупниот износ е утврден по одземањето на авансно исплатените средства.

​Позитивната оценка на Комисијата се базира на исполнувањето на четири клучни реформски чекори. Три од нив се во областа на дигитализацијата и се однесуваат на усвојувањето на новиот закон за сајбер-безбедност (усогласен со европската NIS2 Директива), законот за електронски документи со кој се воведува европскиот дигитален идентитет и законот за архивски материјал кој овозможува електронско архивирање. Четвртиот исполнет чекор е во делот на деловната средина, каде Комисијата потврдила значителен напредок во борбата против неформалната економија преку зголемен број инспекции.

​Одлуката следува по барањето поднесено од министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, и потврдата дека земјата ги исполнува општите услови за демократско владеење, владеење на правото и управување со јавните финансии. За реформските чекори кои Северна Македонија ги пријавила како исполнети, но кои не ја поминале техничката проценка на Комисијата, одобрен е продолжен рок за нивна целосна имплементација до јуни 2026 година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy