Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тасевски: М-НАВ е полн со манекени, а професионалците си заминуваат
Македонија

Тасевски: М-НАВ е полн со манекени, а професионалците си заминуваат

21/08/2025

AA

Претседателот на синдикалната организација на Македонска навигација (М-Нав), Александар Тасевски, во интервју за 24инфо алармира дека во претпријатието владее хаос поради партиски вработувања, додека стручниот кадар си заминува или оди во пензија.

Според него, огласите за нови вработувања биле злоупотребени за вработување на лица блиски до политички партии, без потребните квалификации и документација.
„Во М-Нав се случува хаос, се вработува се и сешто, кадар што не ни е потребен, а при тоа е и без квалитет. На крајот излезе дека оние кои се наводно најквалитетни кандидати, се впрочем партиски кадар,“ изјави Тасевски за 24инфо.

Тој посочи дека за случајот е известена и Трудовата инспекција, која двапати извршила контрола во претпријатието, но засега нема епилог.

Синдикатот, како што најави, ќе ги почека резултатите од функционалната анализа на М-Нав што Владата ја најави, пред да се одлучи за евентуален штрајк.

Тасевски предупреди и на сериозен недостиг од стручен кадар, особено инженери и контролори на летање.
„Очигледно е дека низ годините наназад се вработуваа луѓе кои не одговараат на реалните потреби. Немаме инженери, немаме контролори, а работата ја влече мал број луѓе. Поголемиот дел се буквално манекени кои само доаѓаат на работа и не прават ништо,“ истакна претседателот на синдикатот.

Во интервјуто, Тасевски откри и дека редовно се соочува со закани и притисоци, но, како што нагласи, тоа нема да го спречи во борбата за подобри услови за работниците во М-Нав.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy