Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Таравари: Доколку не поминат уставните измени и не станеме членка на ЕУ, треба да се размислува за нов Устав
Македонија

Таравари: Доколку не поминат уставните измени и не станеме членка на ЕУ, треба да се размислува за нов Устав

14/10/2023

AA

Доколку не поминат уставните измени и не станеме членка на ЕУ, треба да се размислува за нов Устав, изјави денеска лидерот на политичката партија Алијанса за Албанците Арбен Таравари.

– Ако не се случат уставните измени ви гарантирам дека ќе дојде до една колективна депресија во општество. Со тоа ќе ја изгубиме и таа капка надеж да се започне со реформите и можноста со членството во ЕУ, да се подобрат состојбите во правосудството, борбата против корупцијата и криминалот. Тогаш треба да размислуваме за нов Устав, како што рече претседателот Пендаровски, потенцира Таравари.

Тој појасни дека во албанскиот блок постои јасен став за поддршка на уставните измени и очекува дека сепак ќе се случат.

– За Македонија е добро е да поминат уставните измени, бидејќи радикалните изјави во македонскиот блок создаваат реакција и појава на такви феномени кај албанскиот блок. Засега кај албанскиот политички блок нема партија, ниту такви радикални ставови, бидејќи сите се обидуваме да поминат уставните измени. Меѓутоа кога постои една Левица кај Македонците, тогаш за очекување е да се појави една десница кај Албанците со слични ставови, рече Таравари.

Според него, промената на Уставот треба да оди во насока на уредување со поголема децентрализација и помал број на општини, како што вели, на околу триесетина. На тој начин, смета, освен фискално децентрализирани тие би имале помало влијание од министерствата и премиерот.

– Сметам дека со таквиот начин, локалните самоуправи сами би одлучувале и назначувале локални функционери, како претседател на општински суд, обвинителство, шеф на полицијата, директор на болница, вели Таравари.

Тој смета дека е потребно да се развие поширока дебата и за парламентот, односно тој да биде составен од два дома.

– Во Македонија сè уште има некои табу теми за кои не само што не се зборува за нив, туку не се ни размислува. Сметам дека еден дом треба да е составен од претставници на локалната власт, како на пример од градоначалниците на триесетина поразвиени општини, а во другиот би биле претставници на избрани од народот, пратеници. Тоа е една опција, можеби постојат и други решенија. За ова треба да се разговара јавно и да се види што би било најфункционално за развој на државата, доколку не ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, потенцира, Арбен Таравари, лидер на АА и градоначалник на општина Гостивар.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СОЗДАВААТ СО ДЕЦЕНИИ, А СЕ БРИШАТ СО ЕДНО

19/10/2026
Македонија

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА

19/10/2026
Македонија

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник,

19/10/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЈА ПРЕДУПРЕДИ СОФИЈА ЗА ДИПЛОМАТСКИ МЕРКИ Изјавите за Ива

19/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГО ОСПОРИ ВЕШТАКОТ НА ГАЗДА ДЕКО, БИЛ ОБВИНЕТ ЗА

19/10/2026
Економија

Ќе плаќате ли поскапо гориво? Дизелот поскапува, бензинот поевтинува во

19/10/2026
Македонија

СДСМ СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА Според

19/10/2026
Македонија

📽️ ВОЗЕЛ МОТОР НА „ЕДНО“ И СЕ СНИМАЛ, НО ВИДЕОТО

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46263
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СОЗДАВААТ СО ДЕЦЕНИИ, А СЕ БРИШАТ СО ЕДНО РЕШЕНИЕ Отворено писмо од прим.

19/10/2026

Постојат одлуки што тешко се разбираат. Но постојат и одлуки што нè принудуваат да се запрашаме во какво општество живееме

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА Почна реконструкцијата на улицата Димитар

19/10/2026

Водоводната мрежа стара повеќе од 40 години на улицата Димитар Тодоровски во Битола ќе биде целосно заменета со нова. ЈКП

КРАЖБА ВО ДЕБАРСКАТА БОЛНИЦА Вработена му дала клуч на 42-годишник, исчезнал пиштол

19/10/2026

Вработена во Општата болница во Дебар му го дала клучот од влезната врата на 42-годишен сограѓанин, по што тој и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy