СДСМ СИ ПРАВИ ВЕСЕЛА МАТЕМАТИКА ПО ПОРАЗОТ ВО БРВЕНИЦА Според партијата, поддршката ѝ пораснала за 46%
По катастрофалниот пласман на кандидатот на СДСМ на вчерашните избори во Брвеница, од Аналитичкиот центар на Социјалдемкратскиот сојуз оценуваат дека, споредено со ланските избори, тој освоил 46 проценти повеќе гласови, додека поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ се намалила за 13 проценти во споредба со изборите во 2025 година,.
Од СДСМ наведуваат дека во 2025 година нивниот кандидат за градоначалник освоил 481 глас, додека на денешните избори кандидатот Јовица Радески добил 706 гласа. Тоа се 225 гласа повеќе, односно раст од приближно 46,8%.
„Резултатите во Брвеница го потврдуваат трендот дека поддршката за ВМРО се намалува, а довербата во СДСМ расте“, оценуваат од опозициската партија.
Според анализата, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освоил 2.944 гласа, наспроти 3.388 гласа што кандидатот на партијата ги добил на изборите за градоначалник во 2025 година. Разликата изнесува 444 гласа помалку, односно намалување од приближно 13 проценти.
Според партијата, падот на поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е уште погплолем доколку се земе предвид дека на овие избори Радичевски ја имал и поддршката од ЗНАМ и Левица.
„Падот на ВМРО е уште поголем, над 20%, ако се има предвид дека и ЗНАМ и Левица го поддржаа кандидатот на ВМРО“, соопштија од СДСМ.
Ваквото толкување доаѓа по изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој прогласи победа на ВМРО-ДПМНЕ и истакна дека разликата во однос на СДСМ е поголема од четири спрема еден.
.
Извор: plusinfo.mk