Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Талевски, МАР: Со инвестиции во одржлив развој и одговорно работење домашната рударска индустрија ќе го добие местото во општеството што го заслужува
Македонија

Талевски, МАР: Со инвестиции во одржлив развој и одговорно работење домашната рударска индустрија ќе го добие местото во општеството што го заслужува

03/03/2023

AA

Актуелните кризи со кои се соочува македонската економија не го заобиколија рударскиот сектор, но тој уште еднаш покажа дека е витална стопанска гранка која може да се соочи и со најтешките предизвици и притоа да продолжи со инвестициите и развојот, да испорачува сигурност, стабилност и поддршка за луѓето, за локалните заедници и за економијата на земјата. Ова меѓу другото во интервју за Исток прес го истакнува претседателот на МАР – Македонската асоцијација на рударството, Ивица Талевски. Во него тој се осврнува на значењето на овој сектор за локалните заедници и за националната економија, како и за потребата од стратешки пристап во одржливиот развој на оваа индустрија.

Талевски потсетува дека македонскиот рударски комплекс креира околу 8.000 работни места и е една од ретките домашни индустриски гранки која бележи суфицит во трговската размена со странство, која годишно надминува 200 милиони долари, од кои над 75% отпаѓа на извоз на метални руди. Придонесот на рударството во вкупните директни инвестиции во земјата исто така е значаен. На пример, во 2020 година, дури 30,7% од вкупните директни инвестиции кои пристигнале во земјата биле во рударството. Дополнително, во годините пред пандемијата и економската криза, учеството на рударството во вкупното индустриско производство надминало 11%. Ова се јасни показатели за значењето и придонесот на овој сектор за развојот на македонската економија.

Претседателот на МАР се осврна и на влијанието на високите цени на енергијата врз индустријата, кои во текот на минатата година предизвикаа привремено запирање на работните процеси во некои домашни рудници, а тоа пак значеше и пад на вкупнот обем на индустриско производство и извозот на земјата. Некои од предвидувањата укажуваат дека и во текот на оваа година цената на електричната енергија на отворениот пазар ќе остане висока.

„Доколку ваквите неповолни предвидувања се остварат, тогаш нашата држава треба сериозно да размисли како да им помогне на домашните индустриски капацитети, вклучувајќи го и рударството, за да можат да го одржат своето производство и својата конкурентност на странските пазари каде што извезуваат. Ова е особено значајно и заради фактот што странските компании од оваа индустрија веќе добиваат од своите држави значителна поддршка, најчесто во форма на субвенционирана цена за електричната енергија, што ги намалува нивните оперативни трошоци и им овозможува да пренасочат повеќе финансиски средства во капитални инвестиции за натамошна модернизација на своите рудници и во одржлив развој“, вели Талевски.

Во однос на цените на металите, Талевски ги посочува проценките на меѓународните финансиски институции кои укажуваат на фактот дека најголемите светски индустриски земји во следниот период може да ја забават економската активност, па дури и да се соочат со рецесија. Тоа ќе има негативно влијае на побарувачката и на цената на металите на светските берзи, а тоа пак ќе се одрази на нивото на приходи и развојниот потенцијал на домашните рударски компании.

Во интервјуто, претседателот на МАР го нагласува и значењето на градењето поголема доверба кон рударската индустрија. Посочувајќи го примерот на  развиените држави каде од поодамна е постигнат консензус дека концептот за одржлив развој, кој подеднакво води сметка за економската, социјалната и димензијата на животната средина, успешно може да се применува и во рударската индустрија, Талевски смета дека истото може се постигне и во нашата земја, доколку се исполнат неколку предуслови.

„Прво, треба да се дефинира долгорочната стратегија за развој на македонското рударство која треба да одговори на прашањето – какви се реалните потенцијали за развој на оваа гранка и на каков начин тие потенцијали може да се активираат. Второ, неопходно е да се воспостави ефикасен систем со кој ќе се осигура дека сите деловни субјекти во оваа индустрија, од најмали до најголеми, доследно и одговорно ги почитуваат стандардите и прописите во сите области кои имаат значење за одржливиот развој на рударството и трето, да се работи на градењето доверба и ефективна соработка со сите засегнати страни од кои зависи успехот на рударството. Само на ваков начин, со посветена работа и исполнување на овие три основни задачи, домашната рударска индустрија ќе го добие место во општеството што ѝ припаѓа, што несомнено го заслужува како индустрија која има значаен придонес за економскиот развој на земјата, која инвестира во нови технологии, вработува и обезбедува егзистенција за луѓето во цели региони од земјата и која вложува во просперитетот на заедницата“, дециден е претседателот на МАР.

Како добар пример за одговорна рударска компанија која ја има поставено одржливоста во фокусот на целокупна своја развојна стратегија, Талевски го посочува  рудникот САСА кој во изминатите пет години инвестираше над 30 милиони долари во целокупна моернизација, како и дополнителни 25 милиони долари во новата капитална инвестициска програма, чија реализација е во тек и која треба да овозможи стабилно производство на САСА во наредните години, сигурност на работните места и нови можности за вработувања на младите, зголемена безбедност и заштита на животната средина, како и дополнителни придобивки за локалната заедница и економскиот развој на земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на

12/02/2026
Македонија

Стартува масовна контрола на лиценцираните производители на медицински канабис

12/02/2026
Македонија

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација,

12/02/2026
Македонија

За викенд не очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи

12/02/2026
Македонија

Бислимоски поднесе оставка од РКЕ 

12/02/2026
Македонија

ЈАС ЈА СОСТАВУВАМ ВЛАДАТА, ЗАДОВОЛЕН СУМ ОД МИНИСТЕРОТ ЛИМАНИ Мицкоски

12/02/2026
Македонија

Три физички и едно правно лице обвинети за пожарот кој

12/02/2026
Македонија

Мицкоски: Битангите кои се занимаваат со незаконити влијанија се зад

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41368
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОД ЛУПА 43 ЛИЦЕНЦИ Почна проверка на сите производители на медицински канабис

12/02/2026

Министерството за здравство започна вонредни контроли на сите компании што произведуваат медицински канабис во земјава. Министерот Азир Алиу денеска изјави

Стартува масовна контрола на лиценцираните производители на медицински канабис

12/02/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска најави почеток на обемна акција за контрола на сите компании кои имаат лиценца за

Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе добие смарт паркинг со апликација, сензори и хортикултурно уредување

12/02/2026

Деценискиот проблем со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ конечно ќе добие трајно решение, откако Владата во вторникот донесе одлука

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy