Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Талентираниот босански „славеј” Ајдин Османовиќ на прв настап во Северна Македонија
Македонија

Талентираниот босански „славеј” Ајдин Османовиќ на прв настап во Северна Македонија

10/05/2023

AA

Извонредниот музички талент од Босна и Херцеговина, 11- годишниот Ајдин Османовиќ од Сребреник, кој ја плени публиката и стана ултра популарен со маестралните интерпретации на традиционалните македонски песни „Јано мори”, „Зајди,зајди” и други, ќе го има својот прв настап во Северна Македонија на 23 мај во Крива Паланка. Гостувањето ќе биде по повод Денот на св.Јоаким Крчовски и одбележувањето на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј.

Изведбата на Ајдин под менторство на неговиот професор по музичко, Јасмин Брашниќ, ги стопли срцата на сите Македонци ширум светот, со над милион прегледи на социјалните мрежи, а македонската публика ќе ја има честа да ужива во неговиот прв настап во државата за две седмици.

Османовиќ заедно со неговиот професор Јасмин Брашњиќ ќе изведат традиционални македонски песни.

-Не беше тешко да се воспостави контакт преку социјалните мрежи со професорот на младиот Ајдин, Јасмин, и без многу размислување по упатените честитки, ги поканив на гости во Крива Паланка. На 23 Мај, во Националната установа Центар за култура, со почеток од 19 часот, заедно ќе го одбележиме чествувањето на свети Јоаким Крчовски и светите Кирил и Методиј со Свечена академија и концерт, изјави Сашко Митовски, градоначалник на Крива Паланка.

На Свечената академија ќе бидат прогласени и најдобриот просветен работник и најдобрите ученици за учебната 2022/2023 година.

Општина Крива Паланка, Ајдин Османовиќ и неговиот професор Јасмин Брашњиќ, ги повикуваат сите добронамерници и почитувачи на македонската традиција, да го слушнат во живо младиот Ајдин, кој има само единаесет години, но одлично ја разбира, сака, а уште подобро ја интерпретира македонската народна песна.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy