Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Тајландските власти пронашле украден радиоактивен цилиндар
Македонија

Тајландските власти пронашле украден радиоактивен цилиндар

21/03/2023

AA

Тајландските власти денеска соопштија дека метален цилиндар со радиоактивен материјал кој исчезна од термоцентралата овој месец е пронајден во фабрика за рециклирање лим и оти се чини дека нема општа закана за јавното здравје.

На 10 март од машина во електрана во провинцијата Прачинбури, 165 километри источно од Бангкок, исчезна мерниот цилиндар долг 30 сантиметри, кој го содржел радиоактивниот материјал цезиум-137.

Гувернерот на Прачинбури изјави дека траги од цезиум-137 биле откриени денеска во вреќи со прашина од топилница во леарница, на 10 километри од електраната од која е украден цилиндарот.

Гувернерот соопшти дека работата во топилницата е прекината, а извршен е увид на вработените и околните жители.

Здравствените власти рекоа дека медицинските досиеја за изминатиот месец во сите болници во покраината ќе бидат прегледани за да се види дали некои пациенти имале симптоми предизвикани од зрачење. Продолжен директен контакт со радиоактивен материјал може да предизвика осип на кожата, губење на косата, рани, замор и повраќање.

Краткорочно изложување на цезиум-137 можеби нема да покаже моментални симптоми, но може да доведе до поголем ризик од рак.

Исчезнатиот цилиндар, тежок 25 килограми, бил користен во електраната за мерење на содржината на пепел. Полицијата вели дека се сомнева дека цилиндарот бил украден за да се продаде како старо железо.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маск со SpaceX може да ја купи 83 пати Македонија

12/06/2026
Македонија

Се тестираше градскиот воз: Од Маџари до центарот на Скопје

12/06/2026
Македонија

Пет лица приведени од вкупно шест пријави за семејно насилство

12/06/2026
Македонија

Падна Фејсбук: Корисници пријавуваат проблеми со пристапот до апликацијата

12/06/2026
Македонија

Уапсен македонски државјанин во Албанија со килограм хероин скриен во

12/06/2026
Македонија

Крај на исплатите во готовина? Се подготвуваат измени за брзите

12/06/2026
Македонија

Муцунски од Истанбул: Време е политичкото партнерство со Турција да

12/06/2026
Македонија

Наташа Крстевска-Цалева повторно на чело на Вишото јавно обвинителство Скопје;

12/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43735
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Израелските власти: Осум заложници, меѓу кои пет Тајланѓани, ќе бидат ослободени утре

29/01/2025

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека утре ќе бидат ослободени осум заложници држени во Појасот Газа, пет Тајланѓани

Руските власти тврдат дека синоќа собориле повеќе од 60 украински беспилотни летала

05/01/2025

Руските власти соопштија дека во текот на ноќта собориле неколку десетици украински беспилотни летала и додадоа дека нема жртви. „Нашата

Маж го обезглавил бебето по расправија со сопругата, полицајците пронашле хорор сцена во собата

22/12/2024

Таткото од Сакраменто е уапсен под сомнение дека го обезглавил својот 1-годишен син, соопшти канцеларијата на шерифот. Андреј Демски (28)

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy