Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЗО: „Најитното барање за жителите на Газа е итен прекин на огнот“
Македонија

СЗО: „Најитното барање за жителите на Газа е итен прекин на огнот“

23/12/2023

AA

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска ја поздрави резолуцијата усвоена од Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) за Појасот Газа, наведувајќи дека таа ја нагласува потребата од итни паузи и хуманитарни коридори за да се обезбеди безбедна достава на храна и здравствени залихи.на сите на кои им се потребни.

Покрај тоа, резолуцијата бара итно и безусловно ослободување на сите заложници, заедно со решавање на нивните медицински проблеми, рече Гебрејесус на мрежата Х.

„Ова покажува редок знак на согласност меѓу членките на Советот за безбедност за време на овој конфликт, што е позитивен чекор напред. Сепак, најитното барање за жителите на Газа е итен прекин на огнот“, рече шефот на СЗО.

Тој посочи дека не можат да се игнорираат разорните последици од претходните конфликти во Појасот Газа, вклучително и смртта на повеќе од 20.000 луѓе, главно жени и деца и повеќе од 53.000 ранети.

Во петокот, Советот за безбедност на Обединетите нации усвои изменет, ослабен текст на резолуцијата за Појасот Газа, која бараше итно забрзување на испораката на помош за цивилите во палестинската енклава, но која го испушти повикот за „ итен прекин на непријателствата“ меѓу Израел и Хамас.

При гласањето за оваа резолуција, 13 членки беа за, додека САД и Русија беа воздржани, објави претходно АП. Намалената резолуција повикува на „итни чекори за веднаш да се обезбеди безбеден и непречен хуманитарен пристап, како и да се создадат услови за одржлив прекин на непријателствата“.

Според извештајот објавен во четвртокот од 23 хуманитарни агенции на ОН, сите 2,2 милиони жители на Појасот Газа се соочуваат со глад, 576.000 луѓе се сериозно загрозени, додека 90 отсто од Палестинците во енклавата редовно остануваат без еден дневен оброк.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
Македонија

Пожарот над селото Габер се шири кон Вражале

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45009
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy