Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светски берзи: Берзата заглави по силниот раст од почетокот на годината
Македонија

Светски берзи: Берзата заглави по силниот раст од почетокот на годината

11/03/2024

AA

Измешаните податоци од извештаите на пазарот на трудот и нервозата на инвеститорите за понатамошниот раст на технолошкиот сектор ги намалија акциите на Њујоршката берза минатата недела. Индексот S&P 500 загуби 0,3 отсто, додека Nasdaq индексот на технолошки акции загуби 1,2 отсто.

Од почетокот на годината, овие два показатели бележат раст од 7,4, односно 7,2 отсто.

Извештајот од пазарот на труд испрати мешани сигнали, но веројатно нема да има значително влијание врз тековните насоки на ФЕД во однос на водењето на монетарната политика. Во февруари беа додадени 275.000 нови работни места, над очекуваните 198.000, но податоците за декември и јануари беа ревидирани надолу за вкупно 167.000 од првично објавеното.

Невработеноста порасна од 3,7 на 3,9 отсто откако анкетата на домаќинствата, која се користи за стапката на невработеност, покажа пад од 184.000 вработени лица. Ова зголемување дојде и покрај фактот што стапката на учество во работната сила остана стабилна на 62,5 отсто, а за оние на возраст од 25 до 54 години таа се зголеми за 20 базични поени на 83,5 отсто.

Просечната саатница, која се следи како показател за инфлацијата, порасна помалку од очекуваното. На месечно ниво растот е 0,1 отсто наспроти консензусот од 0,2 отсто, додека на годишно ниво е 4,3 отсто наспроти консензусот од 4,4 отсто и 4,5 отсто во јануари.

Постојат сите можности дека извештајот од февруари нема да го промени ставот на ФЕД за намалување на каматните стапки. Шефот на оваа централна банка Пауел рече дека пазарот на трудот е „релативно силен“, но оти се движи кон подобра рамнотежа во споредба со времето кога за еден невработен има отворено две работни места.

Во своето сведочење пред Конгресот тој изјави дека „предвременото“ намалување на каматните стапки може да и наштети на американската економија, додавајќи дека нема докази дека оваа економија оди кон рецесија. Пауел изјави дека монетарната политика „може да се олесни во одреден момент оваа година“, но дека на централната банка и треба „поголема доверба дека инфлацијата одржливо се движи кон нивото од два проценти“.

Од другата страна на Атлантикот, Европската централна банка (ЕЦБ) ја задржа основната каматна стапка непроменета, како што се очекуваше, но ги намали изгледите за инфлација, што го натера пазарот сега речиси подеднакво да очекува намалување на каматните стапки во јуни.

ЕЦБ очекува просечна инфлација во тековната година од 2,3 отсто во однос на претходната проекција од 2,7 отсто. Среднорочната цел на инфлација од два отсто треба да се постигне во 2025 година, а во 2026 година ќе се забележи пад на 1,9 отсто.

Кога станува збор за економскиот раст на овој економски и политички блок, овогодинешните изгледи се намалени од 0,8 на 0,6 отсто, откако беше забележана стагнација во четвртиот квартал. ЕЦБ очекува забрзување на растот до 1,5 отсто во 2025 година и 1,6 отсто во следната година, што е малку под прогнозите во декември.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy