Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија!
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Од денес во РЕК Битола не се произведува електрична енергија!

11/03/2024

AA

Надвор од мрежа се трите блокови по тешка хаварија во котелскиот дел на БЛОК 3 која се случила вечерва, а веќе подолг период по тешките хавари надвор од мрежа се Блок 1 и Блок 2.

Денес, најголемиот производител на електрична енергија, стожерот на македонската енергетика е паднат на колена и наместо да произведува, троши скапа увозна струја со цел да не дојде поголема хаварија на постројките кои остануваат без внатрешно напојување! Во текот на ноќта испаднал БЛОК 3 по хаварија во котелскиот дел од електраната , кој подолго време бил експлоатиран со технички проблеми поради несоодветниот скап увозен јаглен. Дали повторно станува збор за огромна хаварија по која Блокот беше забетониран и надвор од мрежа повеќе месеци? Дали повторно ќе плаќаме милионски суми за санација на последиците се само дел од одговорите кои ги чекаме од менаџерскиот тим, кој вчера вечер се забавуваше во хотелот Молика пеејќи песни. Дали ваквото дилетанско, неодговорно, клептоманско и мафијашко управување со енергетските објекти е дел од планираното сценарио на СДСМ најавено како зелена енергетска стратегија и престанок на работа на РЕК Битола? Дали СДС успеа во својот план конечно да го запре производството во РЕК Битола со тоа што ги уништи 3 блока?!

Колку ќе ги чини граѓаните увозот на електрична енергија, колку чини секој испад, поради нестручноста при санацијата? Колку чини неработењето на аматерскиот менаџерски тим дојден во РЕК Битола ако знаеме дека во последните 20 дена имало повеќе од 5 вклучувања, а едно вклучување е околу 500 000 евра? Бидејќи повеќе од 50% од домашното производство на електрична енергија во земјава доаѓа од РЕК Битола, повеќе од јасно е дека по најновата хаварија ќе мора да се изврши интервентен увоз на електрична енергија, а цехот на крајот ќе го платат граѓаните.

Сериозноста на состојба е уште поголема ако знаеме дека надвор од функција се и другите производствени капацитети поради лошо ремонтирање и одржување, а хидро-потенцијалот речиси на минимум. Згора на сѐ, МЕПСО е под хакерски напад и не знаеме како ги управува постројките во електроенергетскиот систем. Раководствата на Електрани на Македонија, РЕК Битола и МЕПСО мора да понесат одговорност!

Во интерес на навремено информирање, бараме Владата во заминување веднаш да го разреши најнеспособното раководство на ЕСМ, да се поведе истрага и да се казнат виновниците со цел да не се дозволи прикривање на доказите!

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026
Македонија

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени

30/07/2026
Македонија

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026
Македонија

Вечерва прскање против комарци во Кисела Вода

30/07/2026
Македонија

Локализиран пожарот кај Лешница, интервенираа два ер трактори

30/07/2026
Македонија

ФОТО Граѓаните веќе тргнаа на продолжен викенд за Илинден

30/07/2026
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44767
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Г.Г. Стефан со Илинденско послание

30/07/2026

По повод претстојните илинденски празнувања, поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, заедно со Светиот архиерејски

Потврден новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

30/07/2026

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ го потврди новиот состав на својот Извршен комитет, соопшти претседателката на Унијата, Марија Митева, оценувајќи

МЗ наложи дополнителна терестичка дезинсекција против комарци во населба Драчево

30/07/2026

Министерството за здравство информира дека го задолжи Центарот за јавно здравје–Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy