Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ ФУНКЦИОНИРА ПО СТАРИТЕ ПРАВИЛА Мицкоски вели дека сигналите на Рубио се клучни за сојузниците
Македонија

СВЕТОТ ВЕЌЕ НЕ ФУНКЦИОНИРА ПО СТАРИТЕ ПРАВИЛА Мицкоски вели дека сигналите на Рубио се клучни за сојузниците

14/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на повеќедневната посета на Сојузна Република Германија, учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, каде што се сретна и со влијателни светски лидери и дипломати.

– Морам да потенцирам дека пораките на американскиот државен секретар Марко Рубио се јасен сигнал за сите сојузници – светот веќе не функционира по старите правила, а иднината ќе ја градиме преку сериозност и взаемно почитување. САД и Европа остануваат нераскинливо поврзани, а како Влада продолжуваме посветено да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница. Подготвени сме да одговориме на предизвиците, да ја модернизираме одбраната и да обезбедиме сигурна иднина за нашите граѓани – истакна Мицкоски во објава на својот Фејсбук профил.

Во текот на конференцијата, Мицкоски ќе ја реафирмира определбата на Македонија за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања, соопшти владината прес-служба.

Премиерот е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Минхенската безбедносна конференција оваа година го стави акцентот на глобалните безбедносни предизвици, улогата на трансатлантските сојузи и потребата од модернизација на одбранбените капацитети, теми кои се во фокусот на Владата на Мицкоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy