Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Светот гледа шокиран, се срами ли некој?! Уште една страшна вест штотуку пристигна од Појасот Газа!
Македонија

Светот гледа шокиран, се срами ли некој?! Уште една страшна вест штотуку пристигна од Појасот Газа!

20/01/2024

AA

Најмалку 24.927 Палестинци се убиени, а 62.388 се ранети во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври досега, соопшти денеска Министерството за здравство во Газа, со кое раководи Хамас.

Во соопштението се наведува дека во изминатите 24 часа загинале околу 165 Палестинци, а 280 се ранети, пренесе Ројтерс.

Да потсетиме, портпаролот на Белата куќа за национална безбедност, Џон Кирби, во петокот изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден сè уште верува во можноста за решение со две држави на Блискиот Исток и дека ги удвоил напорите за спроведување на тој план.

Според неговите зборови, во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Бајден ја изразил својата визија за „траен мир и безбедност за Израел“ преку решение со две држави.

– Претседателот се уште верува во ветувањето и можноста за решение со две држави. Тој признава дека ќе треба многу напорна работа. Ќе биде потребно многу лидерство таму во регионот, од двете страни – рече Кирби.

Бајден ја поздрави одлуката на Израел да дозволи испорака на брашно во Газа, изјави Кирби за новинарите на брифингот во Белата куќа. Разговорот се случи еден ден откако Нетанјаху јавно ја отфрли можноста за палестинска државност, велејќи дека Израел мора да ја задржи безбедносната контрола над Западниот Брег, пишува Jerusalem Post.

Според Кирби, Бајден и Нетанјаху телефонски разговарале во петокот за тековните напори да се обезбеди ослободување на преостанатите заложници. Тие, исто така, разговараа за ситуацијата во Газа и транзицијата кон насочени операции за да се овозможи проток на зголемени количини хуманитарна помош, додека се одржува воениот притисок врз Хамас.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За три месеци министерствата потрошиле над 400 милиони евра

29/04/2026
Македонија

Ослободен полицаецот од чиј пиштол беше ранета мигрантка – не

29/04/2026
Македонија

СИСТЕМОТ ГИ ДОТЕПУВА ЖРТВИТЕ: Над 600 деца сексуално злоупотребени, државата

29/04/2026
Македонија

Лажна дојавата за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

29/04/2026
Македонија

Мастербет со поддршка за младиот шампион Силвио Мировски на патот

29/04/2026
Македонија

КРАЈ ЗА ГРЕШКИТЕ СО КАЗНИТЕ ОД „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: МВР воведува

29/04/2026
Македонија

Тешко повреден работник на автопатот во градба Охрид-Кичево, му паднала

29/04/2026
Македонија

18-годишник нападнат со нож кај Бит Пазар

29/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42961
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy