Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Годишна награда за млад истражувач на Народната банка: Краен рок за пријавување труд е 1 февруари
Македонија

Годишна награда за млад истражувач на Народната банка: Краен рок за пријавување труд е 1 февруари

20/01/2024

AA

Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2024 година е 1 февруари 2024 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, согласно условите и критериумите на јавниот повик.

Право на учество имаат сите државјани на земјава на возраст до 35 години, кои не се вработени во Народната банка и не се членови на Советот. Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2022 година. Трудовите се поднесуваат до Народната банка по електронски пат на е-адресата: [email protected].

Годишната награда на Народната банка за прворангираниот труд изнесува 100.000,00 денари. Но, доколку Одборот за оценување процени дека второрангираниот труд е исто така со квалитет близок до прворангираниот, Народната банка може да додели и втора награда, во износ од 50.000,00 денари. По оцена на Одборот, може да биде доделена и само втора награда или воопшто да не биде доделена Годишната награда, доколку се утврди дека ниеден од трудовите не ги исполнува потребните услови.

Низ годините, Народната банка постојано ја поттикнува научно-истражувачката мисла во областа на макроекономијата и банкарството. Покрај Клубот на истражувачите, каде што истражувачите имаат можност да ги презентираат своите трудови, Годишната награда за млади истражувачи е дополнителна алатка на централната банка за мотивирање на младата популација за унапредување и развој на истражувачката и аналитичката работа во областа на економијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведен стружанец во Ташмаруништа: Навредувал јавни личности на прославата за

03/08/2026
Македонија

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски

03/08/2026
Македонија

Приведен млад охриѓанец, агресивно се однесувал дома!

03/08/2026
Македонија

Приведен маж од Кичево, пијан и без возачка со возилото

03/08/2026
Македонија

ГОЛЕМ МЕТЕЖ НА ГРАНИЦА: Над 17.000 лица ја напуштија земјата

03/08/2026
Македонија

Изгаснати 29 пожари на отворен простор – пожарот во Македонски

03/08/2026
Македонија

Колони на „Богородица“, се чека до еден час

03/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведен стружанец во Ташмаруништа: Навредувал јавни личности на прославата за Илинден

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава

Се одбележување Светската недела на доењето: Одржлив почеток во животот

03/08/2026

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да

ИНЦИДЕНТ ВО ОХРИДСКО: Физички напад со метален предмет по спортски натпревар

03/08/2026

На 02.08.2026 година во 00.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека по спортски натпревар во охридското село Велгошти, едно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy