Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Свечено отворање на националната вежба „БЛЕСОК 26“ и започнување на процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група
Македонија

Свечено отворање на националната вежба „БЛЕСОК 26“ и започнување на процесот на оценување на Лесната пешадиска баталјонска група

20/04/2026

AA

Денес, во кампот за обука „Пепелиште“, со свечена церемонија беше означен почетокот на националната теренска тактичка вежба „БЛЕСОК 26“, која ќе се реализира во период од 19 до 27 април 2026 година. Вежбата претставува значаен процес за сеопфатно оценување на борбената подготвеност на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), во согласност со стандардите за оценување на копнени команди и единци на Здружената команда за операции на НАТО. Главните активности на вежбата ќе се одвиваат на армискиот полигон „Криволак“, додека дел од активностите ќе се реализираат и во касарните „Јане Сандански“ – Штип, „Мирче Ацев“ – Прилеп и „Страшо Пинџур“ – Петровец.

На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа: командантот на Командата за обука и доктрини (КОД), бригаден генерал Љулзим Нуредини и командантот на Првата пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Дејан Чиплаковски, како и претставници од Командата за операции (КО).

Во своето обраќање, директорот на вежбата полковникот Арсовски ја најави реализацијата на вежбата „БЛЕСОК 26“, истакнувајќи го нејзиното значење како клучен сегмент во процесот на оценување на нивото на борбената подготвеност на ЛПБГ.

Командантот на 1.пбр, бригадниот генерал Дејан Чиплаковски во својот говор ги поздрави учесниците на вежбата и им посака успешна и пред се безбедна работа во кампот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“, нагласувајќи дека вежбата „БЛЕСОК 26“ претставува кулминација на подготовките на нашиот најважен НАТО капацитет, при што и официјално ја отвори вежбата.

Во реализацијата на вежбата се ангажирани околу 1500 припадници на Армијата, НАТО монитори и набљудувачи од Мултинационалните копнени сили (Multinational Land Forces-MLF).

Паралелно со почетокот на вежбата, во касарните „Јане Сандански“ – Штип, „Мирче Ацев“ – Прилеп и „Страшо Пинџур“ – Петровец, започна процесот на оценување на борбената подготвеност ЛПБГ, при што на медиумите им беше овозможено присуство и непосредно следење на почетните активности. По тој повод, изјава за медиумите даде директорот на оценувачкиот тим, кој ја истакна важноста на оценувањето како суштински дел од процесот на верификација на целокупната борбена подготвеност на единицата.

Вежбата „БЛЕСОК 26“ претставува значаен исчекор во континуираниот развој на оперативните способности на Армијата, потврдувајќи ја нејзината подготвеност, професионалност и посветеност кон исполнување на највисоките национални и НАТО стандарди. Воедно, таа ја реафирмира улогата на Армијата како кредибилен и сигурен партнер во рамки на колективната безбедност на НАТО и придонесува кон зајакнување на довербата, интероперабилноста и заедничкото дејствување со сојузниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy