Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Драма на рочиште во „Идризово“: Брза помош дојде, му се влоши состојбата на Деко – проценија дека е способен да го следи судењето!
Македонија

Драма на рочиште во „Идризово“: Брза помош дојде, му се влоши состојбата на Деко – проценија дека е способен да го следи судењето!

20/04/2026

AA

Денешното рочиште за судскиот процес „Пулс“, кое се одржа во специјалната судница во затворот „Идризово“, беше накратко прекинато поради влошената здравствена состојба на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко. Интервенцијата на Брзата помош уследи по драматичниот апел на неговата одбрана, која побара итна замена на притворот со мерка куќен притвор поради сериозни постиоперативни компликации.

Адвокатката Коцевска во изјава за медиумите појасни дека нејзиниот клиент неодамна поминал две тешки операции на ‘рбетот, од кои последната била извршена итно во петокот, на 17 април, поради тешка инфекција и гноен процес. Според нејзините зборови, Јованов бил донесен на судењето директно од болница со отворена рана и во крајно нехумани услови, што претставува огромен ризик од дополнителни инфекции. Одбраната обвини дека во притворот тој добивал само „импровизиран третман“ од нестручни лица.

И покрај алармантните тврдења на адвокатите, медицинската екипа која интервенирала на местото на настанот проценила дека обвинетиот е способен да го следи судењето. Судијката Груевска-Илиевски информираше дека по укажаната помош, на Јованов му било советувано да земе храна и вода, што тој го одбил, по што судот донел одлука расправата да продолжи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
Македонија

Извлечено безживотно телото на човекот кој скокна во Преспанското езеро

12/08/2026
Македонија

35 години независност: Најобразовани, најповрзани, а најмалку убедени дека имаат

12/08/2026
Македонија

Нула присуство на штетни бактерии – објавени извештаите од тестирањето

12/08/2026
Македонија

ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44985
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на

12/08/2026

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат Монте Карло со Daihatsu од

12/08/2026

Додека многумина за пат до луксузниот брег на Монако избраат авион или моќни лимузини, двајца млади радовишани решија да ги

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет – родителите: Повеќе од една деценија

12/08/2026

На судењето за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, градежното вештачење повторно го отвори прашањето за тоа како објект наменет за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy