Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во „Нова Македонија“ покажа колку ни е потребен
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во „Нова Македонија“ покажа колку ни е потребен

08/10/2026

AA

Камен-темелникот на националниот центар за податоци би можел да биде поставен во 2027 година, а локацијата за неговата изградба веќе е избрана, најави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Државата сè уште бара меѓународен финансиер и работи на урбанистичката документација, додека неодамнешната поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“ покажа колку се ранливи постојните државни сервери и електронските услуги за граѓаните.

Андоновски во Дневникот на Македонската радио-телевизија изјави дека Министерството за дигитална трансформација е во постојана комуникација со Министерството за транспорт за подготовка на проектот.

– Ја утврдивме локацијата, точно ја знаеме парцелата. Сега ќе работиме на нејзино урбанизирање, поврзување, за да може да аплицираме. Активно бараме извори на финансирање кај нашите меѓународни партнери – рече Андоновски.

Тој објасни дека проектот ќе биде претставен пред јавноста откако ќе бидат исполнети два клучни услова, односно ќе биде подготвен урбанистички проект за избраната локација и ќе биде обезбедено финансирање.

Пред почетокот на изградбата ќе бидат изработени и студија за влијанието врз животната средина и социјална студија.

Потребата од современ национален центар за податоци, според министерот, особено дошла до израз по неодамнешната поплава и прекинот на електричната енергија во зградата на поранешна „Нова Македонија“.

Во објектот, покрај неколку министерства, се наоѓала и опрема поврзана со Министерството за дигитална трансформација и со националниот портал за електронски услуги.

По инцидентот, серверите биле преместени на новата локација на Министерството за да се избегне прекин на услугите за граѓаните.

– Вакви случаи, кога несоодветно се чува опремата, кога нема доволно осигурување, обезбедување и струја, може да се случуваат постојано на критични системи во државата. Имавме среќа што ние сме подготвени како Министерство, веднаш реагиравме, но не можам да гарантирам дека секоја институција во државата е подготвена на ист начин да реагира – предупреди Андоновски.

Националниот центар за податоци треба да обезбеди посигурно функционирање на државните дигитални системи, со резервно напојување, батерии и агрегати што би спречувале прекини при слични инциденти.

– Кога имаме национален податочен центар, тоа е обврска на една институција да се грижи. Таа има протоколи, начин на постапување и нема да дозволи вакви работи да направат прекин во критичната инфраструктура – објасни министерот.

Паралелно со државниот проект, се разговара и со странски инвеститори заинтересирани за изградба на приватни центри за податоци во Македонија.

Според Андоновски, веќе се разгледуваат неколку потенцијални локации, но засега нема конкретен инвестициски проект што би можел јавно да биде претставен.

Најавена е и конференција со приватниот сектор, на која домашните компании ќе ги претстават своите можности за учество во вакви инвестиции, од изградба и одржување до електроенергетска инфраструктура и поврзување.

Министерот најави и дека до крајот на годинава се очекува финална верзија на националната стратегија за вештачка интелигенција, а во 2027 година се планира донесување закон за нејзина употреба.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46066
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите добија оценка „импресивно“ од Европската

08/10/2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги демантирала лагите со кои лидерот на СДСМ Венко Филипче и опозицијата

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ Договор за роаминг со ЕУ

08/10/2026

Апликацијата „м. Услуги“ е во завршна фаза и официјално ќе биде промовирана на 28 октомври. Граѓаните ќе можат бесплатно да

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години СДСМ ја ограбуваше Македонија, а

08/10/2026

Опозицијата не е алтернатива за Македонија, туку политичка структура која седум години ја ограбувала државата, ја понижувала и ја распродавала

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy